29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајпопуларното такси во светот: На ред се чека за да се возат...

Најпопуларното такси во светот: На ред се чека за да се возат во жолтото “Коко”

Граѓаните на Куба најмногу возат олдтајмери, но освен нив тие имаат оригинална такси служба – “Коко такси”, кои туристите ja обожаваат.

Што е Коко такси? Тоа е всушност скутер, кој е намотан со пластика, обоен со жолта боја и има неколку пластични седишта внатре. Отворен е, па оние кои се возат со него можат да уживаат додека разгледуваат околу себе, пренесува Business Insider.

Користи гас и оди со брзина од околу 30 милји на час, наречен е Коко такси, бидејќи има форма слична на кокос.

Толку е популарен што на Куба направиле два вида. Жолти, кои се само за туристи и сини кои се наменети за возење на локалните жители.

Ова такси е добар начин за локалното население да заработи повеќе пари.

Популарен е и поради цената што е многу пониска од цената на стандардното авто такси.

И покрај тоа што туристите го обожаваат, некои земји, како Канада, ги предупредуваат нивните граѓани што одат во Куба дека Коко таксито не е небезбедно. Но, сепак, не влијаело на помал број возења, ниту на намалување на неговата популарност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП