Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 9,953.32 -0.36%    BESK 7,864.14 -3.73%    ERMT 197.00 0%    GRNT 898.32 0.37%    KMB 5,432.66 0.4%    MPT 63,052.61 0.54%    OKTA 4,750.00 0.42%    RZIT 20.00 0%    RZUG 12.00 0%    SBT 2,592.06 9.02%    STB 1,196.43 0.83%    STBP 790.00 -16.75%    STIL 103.00 0%    TETE 2,424.27 4.72%    TNB 16,388.19 -2.45%    TTK 1,455.99 -2.93%    UNI 2,250.00 0%    ZPKO 1,851.00 2.83%    

Алтер Сцена – нов медиумски простор посветен на домашната музичка сцена

Време: 12:17

Датум: јуни 21, 2019

Категорија: КУЛТУРА

Алтер Сцена е нов аудиовизуелен продукт што низ 12 концертни епизоди во кои главна улога имаат музичарите , има за цел да ја промовира и афирмира домашната музичка сцена. Секоја епизода се состои од 30 – минутен полу-акустичен настап на два различни бенда или соло музичари, чиј музички стил и авторски дела сепак се сретнуваат во некои заеднички точки. Концептот на шоуто е свеж и оригинален – нема водители, нема поздрави до спонзорите, едноставно поканети се звучни музички имиња и млади перспективни музичари на заеднички настап пред мала, интимна публика и пред камерите.

Изминатиот викенд, премиерно беше емитувана првата епизода од Алтер Сцена, каде на иста сцена, заеднички настапија Pluto’s Doubts и авангардните PMG Kolektiv. Двата бенда изведоа по 3 свои авторски нумери, а во паузите лежерно разговараа за својата музика, искуствата и инспирацијата.

Алтер Сцена се случува во време кога на македонската музичка сцена најмногу и е потребен “ветер во грб“ или попрецизно, кога во морето од здодевни политички вести, банални содржини и шоу-бизнис сензации, вистинските културни случувања се оставени на маргините на медиумските приоритети. Домашната музичка сцена е активна, а се чини дека никој “не ги насочува рефлекторите“ кон младите талентирани музичари.

„Глобалната музичка хиперпродукција го засенува домашниот звук. И тоа не е поради квалитетот со кој се издвојува, туку поради нашите напуштени навики да следиме што има ново кај нас во музиката. Оттаму и нашата идеја да продуцираме музичка емисија со поинаков концепт од се досега, со сериозен потенцијал да прерасне во културна платформа. Токму тоа е нашата цел: да поттикнеме поголема медиумска поддршка за промоција на културата, да иницираме колаборации помеѓу артистите, да ги охрабриме младите перспективни музичари, но и да стимулираме интелектуална љубопитност за културните вредности помеѓу публиката, како и општа свест за културната реалност во земјава. Алтер Сцена е нов медиумски простор резервиран за музичките таленти и за нивниот избор да ја изведуваат музиката онака автентично како што ја доживуваат.“ – вели Марина Макенаџиевa, една од основачите на Алтер, под чија капа се реализира проектот Алтер Сцнеа.

Алтер Сцена уште во својата најавна кампања доби силна поддршка од македонската јавност на социјалните медиуми, но и од многу докажани имиња од музичката сцена кои повикаа на поддршка за автентичноста, авторството, афинитетите, алтернативната музика, активизмот во културата… под слоганот Креирај. Слушни. Поддржи.

Алтер Сцена ќе се емитува секоја недела во 17:30 часот на ТВ21, како и на каналите на социјалните медиуми истовремено.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Започнува 40-от Меѓународен студентски фолклорен фестивал

    Започнува 40-от Меѓународен студентски фолклорен фестивал

    Академското културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ во рамките на „Отворениот ден“ на УКИМ вечерва официјално ќе го отвори 40-то јубилејно издание на Меѓународниот студентски фолклорен фестивал.…

  • По 20 години од првиот филм најавено четврто продолжение на „Матрикс“

    По 20 години од првиот филм најавено четврто продолжение на „Матрикс“

    Официјално е најавено четврто продолжение од култната научно-фантастична трилогија „Матрикс“ во кое ќе биде вклучен најголем дел од тимот кој работеше и на претходните три…

  • Почнува 14. Меѓународна ликовна колонија „Скопје”

    Почнува 14. Меѓународна ликовна колонија „Скопје”

    Во организација на Музеј на Град Скопје, под финансиско покровителство на Град Скопје, денеска во главниот град ќе започне 14-та Меѓународна ликовна колонија „Скопје”. На…

  • Струшките вечери на поезијата стануваат четиријазични

    Струшките вечери на поезијата стануваат четиријазични

    Струга, задутре, 21 август, 58. пат, ќе стане сцена на една од најголемите и најпрочуени културни манифестации во земјата, но и пошироко – поетскиот фестивал…

  • Изложба за Влатко Стефановски и филм за Кит Ричардс за отворањето на петтото издание на „Скопје синема сити“

    Изложба за Влатко Стефановски и филм за Кит Ричардс за отворањето на петтото издание на „Скопје синема сити“

    Во периодот од 2 до 7 септември во Музејот на Град Скопје и Кинотека на Северна Македонија ќе се биде одржано 5. издание на Филмскиот…

  • Во Битола и Скопје се снима првиот македонски филм на турски јазик „Најтешкото нешто“

    Во Битола и Скопје се снима првиот македонски филм на турски јазик „Најтешкото нешто“

    Деновиве на локации во Битола и Скопје се одвива снимањето на првиот македонски филм снимен на турски јазик со работен наслов „Најтешкото нешто“, во режија…

  • Десетта награда за „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ – победник на филмскиот фестивал во Херцег Нови

    Десетта награда за „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ – победник на филмскиот фестивал во Херцег Нови

    „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ ја доби главната наградата „Златна мимоза“ за најдобар филм на филмскиот фестивал во Херцег Нови во Црна Гора. Петтчленото…

  • Започна снимањето на телевизиската серија „Зоки Поки“

    Започна снимањето на телевизиската серија „Зоки Поки“

    Викендов во основното училиште „Петар Поп-Арсов“ во скопски Карпош започна снимањето на новата телевизиска серија „Зоки Поки“, модерна екранизација на култното дело  на писателката Оливера…

  • Познати дел од поканетите учесници на симпозиумот во чест на Анте Поповски

    Познати дел од поканетите учесници на симпозиумот во чест на Анте Поповски

    На научниот Симпозиум што во чест на великанот на македонскиот пишан збор Анте Поповски под наслов „Антево дело“, ќе се одржи во хотелот „Калин“ во…

  • Врвно естетско доживување со звучните оперски имиња Мула, Ахмети и Цуцковски

    Врвно естетско доживување со звучните оперски имиња Мула, Ахмети и Цуцковски

    Врвен изведувачки артизам на солисти, префинети вокалитети, креативен сензибилитет донесе синоќешниот концерт на „Охридско лето“ на светски познатата оперска певица Инва Мула, сопранот Дешира Ахмети…