Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 9,996.29 0.96%    BESK 8,169.00 -8.12%    GRNT 901.50 0.26%    KMB 5,400.00 0.11%    KOIN 1,000.00 0%    MPT 62,600.79 0.55%    MTUR 5,301.00 0.02%    RMDEN18 98.90 0.1%    SBT 2,335.67 -1.31%    STB 1,192.55 2.11%    STIL 103.00 0.54%    TEL 295.00 0%    TNB 16,785.00 1.25%    TTK 1,482.46 2.24%    

Почнува КРИК – Фестивал за критичка култура

Време: 09:05

Датум: јуни 18, 2019

Категорија: КУЛТУРА

Започнува четвртото издание на КРИК – Фестивал за критичка култура, кој го организира Контрапункт – асоцијација за разво на критичка теорија, социо-културен активизам и современи културни практики (http://www.kontrapunkt-mk.org).

Од 18 до 22 јуни ќе се одржи првиот дел од четвртото издание на Фестивалот, годинава со тема „Човек без својства – политики на маргините“, кое ќе ги спои различните дискурзивни, уметнички, општествени, активистички и политички практики низ кои ќе се обиде критички да ги истражи и презентира алатките, размислите и дејствувањата преку кои ќе можат да се создадат новите текстови на културата и уметноста.

„Оваа година „КРИК – фестивал за критичка култура“ ќе се одвива како процес низ неколку етапи во годината. Особено ни е важно прераснувањето во платформа и форум за критичка култура, низ која ќе бидат во постојан разговор и конфронтација сите можни алтернативи на промислување на општеството, политичкото, културата, низ агонот со нормираното, зададеното и воспоставеното. Токму затоа, ве повикуваме низ овој прв дел на КРИК да бидеме заедно и отворено да разговараме за сите можни патеки низ кои би сакале да го движиме нашето тело како стратегија на отпор“, велат програмските уредници и организатори, Искра Гешоска и Артан Садику.

Фестивалот свечено ќе биде отворен во среда (19 јуни) со почеток во 19, 30 часот, во Националната галерија, Чифте амам со предавањето на Нејтан Браун, професор по англиски јазик и управител на Центарот за проширена поетика на Универзитетот Конкордија во Монтреал Канада, кој ќе одржи и семинар „Естетичко образование наназад: Ќорскаци на сегашноста“.

Претходно, како бонус содржина утре (вторник, 18 јуни) во кафе – кино Котур, во рамки на програмата „Критичко читање низ филмови“, чиј селектор е хрватскиот филозоф и публицист Петар Милат, во 19, 30 часот ќе биде прикажан филмот „Јас бев дома, но“ (2019) во режија на Ангела Шанилек.

Меѓу гостите на првиот дел од Фестивалот се и Арон Шустер, американски писател и филозоф, Лина Гонан, филозоф и активистка од Хрватска, Станимир Панајотов, теоретичар од Бугарија и други.

КРИК – Фестивал за критичка култура се реализира во соработка со: Мутлимедијалниот Институт (MI2), од Загреб, kuda.org од Нови Сад, Berliner Gazette од Берлин, платформата Светот околу нас – критиката во регионот, организирана од партнерските организации kulturpunkt.hr и Kurziv (Хрватска), SEECult (Србија), SCCA – Љубљана (Словенија).

Контрапункт и КРИК – фестивал за критичка култура се поддржани од: Гете-институт Скопје, Министерство за култура на Република Македонија, Фондацијата Култура нова од Хрватска и Креативна Европа 2014 – 2020, Град Скопје.

Логистички партнери на фестивалот се: Национална Галерија на Македонија (http://nationalgallery.mk), КОТУР (https://www.facebook.com/KoturKafeiFilm) и порталот окно.мк (https://okno.mk/)Постојани стратешки партнери на Контрапункт и на КРИК се: МаМа (https://www.mi2.hr/en) од Загреб и kuda.org (https://kuda.org) од Нови Сад.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • По 20 години од првиот филм најавено четврто продолжение на „Матрикс“

    По 20 години од првиот филм најавено четврто продолжение на „Матрикс“

    Официјално е најавено четврто продолжение од култната научно-фантастична трилогија „Матрикс“ во кое ќе биде вклучен најголем дел од тимот кој работеше и на претходните три…

  • Почнува 14. Меѓународна ликовна колонија „Скопје”

    Почнува 14. Меѓународна ликовна колонија „Скопје”

    Во организација на Музеј на Град Скопје, под финансиско покровителство на Град Скопје, денеска во главниот град ќе започне 14-та Меѓународна ликовна колонија „Скопје”. На…

  • Струшките вечери на поезијата стануваат четиријазични

    Струшките вечери на поезијата стануваат четиријазични

    Струга, задутре, 21 август, 58. пат, ќе стане сцена на една од најголемите и најпрочуени културни манифестации во земјата, но и пошироко – поетскиот фестивал…

  • Изложба за Влатко Стефановски и филм за Кит Ричардс за отворањето на петтото издание на „Скопје синема сити“

    Изложба за Влатко Стефановски и филм за Кит Ричардс за отворањето на петтото издание на „Скопје синема сити“

    Во периодот од 2 до 7 септември во Музејот на Град Скопје и Кинотека на Северна Македонија ќе се биде одржано 5. издание на Филмскиот…

  • Во Битола и Скопје се снима првиот македонски филм на турски јазик „Најтешкото нешто“

    Во Битола и Скопје се снима првиот македонски филм на турски јазик „Најтешкото нешто“

    Деновиве на локации во Битола и Скопје се одвива снимањето на првиот македонски филм снимен на турски јазик со работен наслов „Најтешкото нешто“, во режија…

  • Десетта награда за „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ – победник на филмскиот фестивал во Херцег Нови

    Десетта награда за „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ – победник на филмскиот фестивал во Херцег Нови

    „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ ја доби главната наградата „Златна мимоза“ за најдобар филм на филмскиот фестивал во Херцег Нови во Црна Гора. Петтчленото…

  • Започна снимањето на телевизиската серија „Зоки Поки“

    Започна снимањето на телевизиската серија „Зоки Поки“

    Викендов во основното училиште „Петар Поп-Арсов“ во скопски Карпош започна снимањето на новата телевизиска серија „Зоки Поки“, модерна екранизација на култното дело  на писателката Оливера…

  • Познати дел од поканетите учесници на симпозиумот во чест на Анте Поповски

    Познати дел од поканетите учесници на симпозиумот во чест на Анте Поповски

    На научниот Симпозиум што во чест на великанот на македонскиот пишан збор Анте Поповски под наслов „Антево дело“, ќе се одржи во хотелот „Калин“ во…

  • Врвно естетско доживување со звучните оперски имиња Мула, Ахмети и Цуцковски

    Врвно естетско доживување со звучните оперски имиња Мула, Ахмети и Цуцковски

    Врвен изведувачки артизам на солисти, префинети вокалитети, креативен сензибилитет донесе синоќешниот концерт на „Охридско лето“ на светски познатата оперска певица Инва Мула, сопранот Дешира Ахмети…

  • Македонскиот филм „Петрунија“ се закити со уште една награда на меѓународен фестивал

    Македонскиот филм „Петрунија“ се закити со уште една награда на меѓународен фестивал

    На штотуку завршениот Мотовун Филмски Фестивал во Хрватска, Петрунија ја доби наградата на критичарите ФИПРЕСЦИ. Во Мотовун Филмскиот фестивал 20 одлични филма се натпреваруваа за…