23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТереза Меј размислува за состанок со Путин во Јапонија

Тереза Меј размислува за состанок со Путин во Јапонија

Британската премиерка Тереза Меј размислува за тет-а-тет состанок со рускиот претседател Владимир Путин за време на самитот Г20 во Јапонија на крајот од месецов, објави Times.

Се наведува дека тоа е обид да се одмрзнат односите на двете земји пред да стапи на должност новиот британски лидер.

Весникот наведува дека до состанокот на двајцата лидери ќе дојде само во случај тоа да има цел.

Британско-руските односи станаа пост-студена војна по труењето на поранешниот руски разузнавач Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија со нервен гас во 2018 година во Манчестер, пренесува Reuters.

Меј за труењето ја обвинила Русија, додека Москва ги отфрлиjа обвиненијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП