29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИталијанците подготвуваат трансфер на годината

Италијанците подготвуваат трансфер на годината

Паоло Дибала во Интер, а Мауро Икарди во Јувентус, е трансферот на годината кој се подготвува во Серија А.

Како што пишува „Спорт медиасет“, за ваквиот трансфер никој не би одвоил милионски суми, туку дека би се направила размена по примерот на НБА лигата.

Истиот извор наведува дека ваквиот транфер би им одговарал на двата италијански гиганта особено ако се земе предвиде дека Дибала не се покажал во најдобро светло во нападот заедно со Кристијано Роналдо, и дека концепциски Икарди повеќе би му одговарал на португалската ѕвезда.

Што се однесува до Интер, тие би биле презадоволни доколку го донесат Дибала во нивните редови како замена за Икарди кој веќе долго време има нарушени односи со раководството во врска со преговорите за нов договор.

Во целата оваа приказна се спомнува и идниот тренер на Јувентус Маруцио Сари, за кого се пишува дека е голем обожавател на играта на Икарди, па сигурно ќе го сака Аргентинецот во неговиот тим.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП