29 март, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 13.06.2019

Дневен хороскоп 13.06.2019

 

Овен (21.03 – 20.04)

Бидете внимателни денес, затоа што некој ќе се обиде да ви посмета во односот со саканата личност. Се чини дека конфликт ќе настане околу погледите на врската кои ви се во целост различни. Нерамнотежата меѓу забавата и реалната ситуација полека ќе ги потопуваат темелите на вашиот однос. Решете го тоа што е можно поскоро!

 

Бик (21.04 – 21.05)

На вашето работно место е прилично напорно и не сте така заинтересирани како во претходниот период. Како што денот ќе поминува така вашите амбиции ќе бидат поголеми бидејќи ќе проработи вашиот натпреварувачки дух. Сепак, би било добро повеќе да одмарате. Имајте доверба во еден Рак или Девица кои ќе ви дадат корисни совети.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Добрите вести кои ќе ги слушнете од вашите пријатели во текот на денот, пријатно ќе ве изненадат, со што лесно ќе ги надминете сегашните проблеми. Изгледа вашиот партнер ќе доживее успех и со тоа многу ќе допринесе за заедничката благајна.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Вашата романтична страна денеска ќе излезе во прв план. Што повеќе се посветите на тоа, толку повеќе ќе бидете среќни и задоволни со себе. Немојте само да заборавите секогаш да имате една нога цврсто на земјата. Бидете искрени и практични и нема да погрешите, вам љубовта ви е многу важен дел од животот без кој тешко функционирате.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Денеска би можело малку да се нервирате додека се обидувате да откриете што е најдобро за вас и што треба да сторите. Опуштете се и дозволете му на детето во вас храбро да ве води кон ситуациите кои најмногу ви значат. Немојте да дозволите чувството на должност да ве држи втемелени, таквиот пристап ќе ви ја одземе креативноста.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ќе бидете творечки расположени и ќе настапувате реално, огринално и интуитивно. Зафатете се со разрешување на проблемот од неговите корени и откријте ги причините. Ве очекува успех и можност за голема заработка, не се откажувајте, и самите знаете дека нема да биде лесно.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Денеска ќе се посветите на вашите должности. Ви се чини дека деновите само минуваат, а вие немате време ниту за било што важно во вашиот живот. Во се ќе морате да ја вметнете и љубовта. Веројатно нема да ви биде лесно на почетокот, но да бидете посреќни ќе мораат сите области да функционираат, па дури и оние кои ви се чинат помалку важни.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Напнатоста денеска ќе биде доста голема со оглед на тоа колку луѓе ќе сретнете и во кои се ситуации ќе се најдете. Ќе имате силна потреба за стабилност и дисциплина, додека останатите ќе бараат само забава. Ќе останете заглавени меѓу тие два света, а никој нема да биде подготвен за компромис.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Добро следете се што се случува околу вас и размислете за вашите потези пред да тргнете во акција. Силната енергија околу вас ќе ја влече ситуацијата на своја страна, додека вие ќе се обидете да ја одржите малку во рамнотежа. Запамтете дека најдобрите резлутати најчесто доаѓаат во комбинација со неколку различни начини.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Доколку не бидете внимателни со зборовите, тензијата би можела да расте. Енергијата ќе ве влече на една и друга страна, па ќе се чувствувате растргнато. Ќе бидете концентрирани на се додека останатите ќе бидат концентрирани на самите себеси. Традиционалниот начин на комуникација нема да ви помогне, па искористете ја имагинацијата, ќе бидете одлични!

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Срцето ви чука како лудо и е во состојба да побегне во романтичниот свет на мечти во кој ќе имате главна улога. Лоша вест е што некој ве здржува во реалноста. Можеби и вашата свест има приговор што се однесува за некои работи кои се недовршени и бегате од соновите, па сепак обидете се на некој начин да ги оттргнете.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ќе ја препознате користта од стабилен и структуиран ден како овој. Оваа практична енергија ќе ви ја одземе забавата од денешниот ден. Можеби нема да разберете веднаш, но среќата ќе заминува како капка по капка. Држете ги работите кои ви даваат страст и смисла на живот, а меѓу нив главни се токму тие кои ќе ви се чинат дека не се атрактивни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП