19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОва е новиот Samsung Galaxy Note 10 Pro (видео)

Ова е новиот Samsung Galaxy Note 10 Pro (видео)

Познатиот технолошки дојавувач @ОnLeaks го објави првите рендери на новиот Samsung Galaxy Note 10 Pro модел.

Рендерите покажуваат дека телефонот е сличен на она што претходно беше забележано на основниот Samsung Galaxy Note 10.

Разликата е во punch-hole отворот за камерата кој се наоѓа во центарот, спроти отворот кој е сместен во горниот десен агол на стандардниот Note 10 модел.

Ниту еден од двата нови модели Note 10 нема две селфи камери, како Galaxy S10 Plus. Исто така, нема ни Bixby копче, ниту 3,5 милиметарски приклучок за слушалки.

На дното на Note 10 Pro моделот се наоѓа USB-C порт, S-Pen слот и микрофон.

@OnLeaks сугерира дека Galaxy Note 10 Pro ќе има 6,75-инчен екран (големината на екранот на стандардниот модел е 6,3 инчи).

Samsung Galaxy Note 10 Pro ќе има и Snapdragon 855 или Exynos 9820 чипови, во зависност од пазарот, како и 128GB простор за складирање. Сензорот за отпечатоци ќе се наоѓа во екранот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП