18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХарпер: Не ветувам дека ќе заминеме на 31 октомври

Харпер: Не ветувам дека ќе заминеме на 31 октомври

Еден од кандидатите за наследник на Тереза Меј, Марк Харпер, изјави дека ќе побара нов договор за Брегзит и порача дека не може да вети дека Британија ќе ја напушти Европската унија до 31-ви октомври.

“Мојата желба е да обезбедиме нов договор. Меѓутоа, не смееме да ја отфрлиме можноста за излез без договор ако се соочиме со изборот на заминување без договор или откажување од Брегзит”, изјавил Харпер, пренесува Reuters.

Истакнал дека не може да ветува дека Британија по секоја цена ќе ја напушти ЕУ до 31-ви октомври.

“Зошто? Затоа што сум искрен со вас и тоа едноставно не е можно”, изјавил Марк Харпер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП