25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКер со измешани емоции по петтиот натпревар со Торонто

Кер со измешани емоции по петтиот натпревар со Торонто

Тренерот на Голден Стејт, Стив Кер ги сподели своите емоции откако победи (106:105) на петтиот натпревар од финалето на НБА со Торонто.

– Јас само му кажав на тимот дека не знам што да кажам. Од една страна, јас сум толку горд на нив за неверојатната посветеност и храброст што тие ја покажаа. Од друга страна, јас сум само уништен од повредата на Дурант. Сите сега имаме чудно чувство. Неверојатна победа и страшна загуба во исто време, рече Кер.

Во текот на натпреварот, напаѓачот Кевин Дурант се повреди. Американецот го напушти теренот во втората четвртина и не се врати до крајот. Најверојатно има повреда на Ахиловата тетива.

Шестиот натпревар ќе се игра ноќта меѓу четврток и петок на теренот на Голден стејт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП