20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИДо сега ве нервираа, а сега можете да ги блокирате

До сега ве нервираа, а сега можете да ги блокирате

Ако на детето сте му купиле компјутер или подготвувате компјутер за користење во училиште или имате лични причини како “случајно” да одите во Reddit или Instagram за време на работен ден, постои решение.

Без оглед на вашата причина за блокирање на веб страницaта во Google Chrome, процесот е многу едноставен. Се што треба да направите е да инсталирате Block Site.

Додатокот за Chrome ќе го инсталирате така што ќе се пријавите на вашиот Google профил и потоа ќе симнете екстензија преку официјалното Chrome мени. Откако страната ќе се вчита, додадете ја екстензијата во Chrome. Во горниот десен агол на екранот, треба да видите портокалов штит со симболот “Cancel”. Кликнете на него и потоа и на точката која ќе ја видите во прозорецот кој ќе се појави.

Внесете лозинка и размислете за активирање на “Работен режим” во одредени часови од работниот ден. Како да додадете страници? Постојат два начини:

1. Во рамките на опциите за проширување кликнете на Block Sites на врвот на менито на левата страна на екранот и потоа рачно внесете ја веб страница која ќе ја блокирате на табелата на десната страна.

2. Втората опција е едноставно да отидете до страната што сакате да ја блокирате и само кликнете на штитот и потоа опцијата ‘Block This Site’.

Ако некогаш сакате да ја промените опцијата, кликнете на штитот, одете во опциите и погледнете ја картицата на Blocked Sites. Таму кликнете на црвениот круг со белата линија за веднаш да ја деблокирате веб страницата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП