29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГ20: Трговските и геополитичките тензии претставуваат најголем ризик за глобалниот економски раст

Г20: Трговските и геополитичките тензии претставуваат најголем ризик за глобалниот економски раст

Оваа и наредната година се очекува раст на глобалната економија, но на него може да влијаат зголемените трговски и геополитички тензии.

Тој заклучок е даден во финалниот нацрт на комитетот на Самитот Г20, на кој учествуваа министрите за финансии и гувернерите на централните банки на најголемите светски економии, кои се собраа во јапонскиот град Фукуока.

Финансиските лидери на Г20 разговарале за економски теми во време кога се зголемуваат трговските тензии помеѓу двете најголеми светски економии – Соединетите Американски Држави и Кина.

“Глобалниот раст изгледа се стабилизира и генерално е предвидено умерено да се зголеми оваа година и следната година”, се наведува во соопштението на комитетот.

“Сепак, растот останува низок и ризиците и понатаму постојат. Што е најважно, трговските и геополитичките тензии се интензивираат. Ќе продолжиме да ги следиме овие ризици и сме подготвени да преземеме понатамошни акции”, се истакнува во нацртот на комитетот на финансиските лидери на Г20.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП