28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПридобивки од слаткото црвено овошје

Придобивки од слаткото црвено овошје

Не можеме да им одолееме, особено сега кога е време да ги јадеме и да уживаме во уникатниот вкус кои што ни го даваат. Нивното височество – цреши.

И додека со сите сетила уживате во ова црвено овошје, добро е да се знае нешто за нејзиното корисно дејство врз нашиот организам.

Црешите, верувале или не, придонесуваат за нашето здравје. И тоа во многу работи. Неколку цреши имаат посилно дејство дури и од аспирин, а притоа не го иритираат стомакот.

Тие содржат витамин А, Б и Ц, биофлавоноиди, елагична киселина, антоцијанин и мелатонин – состојки кои помагаат во борба против ракот, спречување на срцеви заболувања, ублажување на болката предизвикана од артритис, главоболка и симптоми поврзани со фибромијалгија.

Свежите цреши се добри за елиминирање на физичката и менталната исцрпеност, затоа можете да ги однесете на работа и да ги јадете помеѓу оброците.

Научниците од Универзитетот во Бостон веруваат дека црешите имаат способност да влијаат на намалување на ризикот од гихт, како што и покажале едногодишните истражувања кои се спроведени со пациентите кои страдаат од оваа болест.

Експертите откриле како ризикот од напад се намалил за 75 проценти кога испитаниците јаделе цреши и истовремено земале лек кој ја намалил количината на уринарна киселина.

Црешите исто така, подеднакво придонесуваат и за губење на килограмите така што антоцијанините од темните цреши може да ја намалат количината на масти на стомакот, а со самото тоа ја намалува и количината на холестерол и шеќер во крвта.

Тие имаат антиканцерогени својства, а добро влијаат и на здравјето на коските.

Црешите се сметаат за одличен извор на влакна, (содржат 396ug/100 грама), што во комбинација со калциум и магнезиум исклучително погодно влијаат на здравјето на коските.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП