19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнгеловски: Ќе се бориме за секоја педа на теренот за да стигнеме...

Ангеловски: Ќе се бориме за секоја педа на теренот за да стигнеме до позитивен резултат против Полска

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски за утрешниот дуел со Полска најави агресивна игра од страна на своите избраници во обидот да се освојат бодови.

– Атмосферата во националниот тим е одлична. Задоволство е да се работи во таква средина. Можам де ве уверам дека моите фудбалери ќе го дадат и последниот атом од своите сили, ќе се борат за секоја педа од теренот за да стигнеме до позитивен резултат. Оние кои ме познаваат, занаат дека никогаш не отстапувам од агресивна и офанзивна игра. Така ќе биде и утре, без разлика што против себе ќе имам многу силен противник, изјави Ангеловски на денешната прес-конференција.

Селекторот кажа дека здравствениот билтен е добар и дека сите играчи во репрезентацијата му се на располагање.

  • Среќен сум дека повредите не одминаа, а тие што беа повредени закрепнаа и се подготвени да „гинат“ за Македонија. Знам дека сите кои ќе добијат шанса да играат ќе го остават срцето на терен и се надевам дека тоа ќе биде доволно за добар резултат, рече Ангеловски.

Натпреварот С. Македонија – Полска се игра утревечер од 20:45 часот на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје. Средбата е од 3. коло Г-група во квалификациите за Евро 2020.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП