18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДа испишеме нова фудбалска историја!

Да испишеме нова фудбалска историја!

Македонија ги игра најважните натпревари во овој циклус. Да ги поддржиме нашите фудбалери.

Македонската фудбалска репрезентација на 7 и 10 јуни против Полска и Австрија ги продолжува Европските квалификации за пласман на ЕП 2020. Ќе се соочиме со две репрезентации од самиот фудбалски крем, кои последниве години се дел од сите големи натпреварувања, секогаш незгодни и конкурентни дури и за најголемите светски велесили.

Полска со тим кој поседува огромен индивидуален квалитет, Милик, Левандовски, Пјатек, Зјелински и ред други, од кои секогаш се има големи очекувања и врвни фудбалски мајстории.

Австрија по слабиот старт веќе нема простор за грешки. Секој изгубен бод, може многу да ја кошта, што дополнително ги подгрева тензиите и очекувањата, и поради што ќе влезе многу сериозно во натпреварот со Македонија.

Нашиот национален тим има четири бода по стартните два меча против Летонија (3-1) и Словенија (1-1), а во наредните два дуела на домашен терен со фаворитите во групата, влегува со оптимизам.

А нашите Пандев, Алиоски, Барди, Несторовски и другарите не се ништо послаби! Добро ги почнавме квалификациите, се наоѓаме во добра форма, имаме одлични енергија и заедништво и секако очекуваме добри резултати на овие два натпревари.

“Ова е период на пресвртница. Бодовите против фаворитите вредат двојно. Овие натпревари се вистински предизвик за нас, за проверка на нашите потенцијали. Секако се натпревари кои се најважните во овој циклус, затоа што знаеме дека со позитивен резултат против овие ривали, што би добиле.. “, изјави Ангеловски.

И двата меча се играат на Арената „Тоше Проески“ во Скопје, од 20:45 часот.

ФФМ ги повикува сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на „рисовите“ да дојдат до вредни бодови и дополнително да се приближиме кон врвот во квалификациската група за пламан на ЕП 2020.

Верните навивачи на нашата најдобра репрезентација можат да купат билет за натпреварите против Полска и Австрија преку продажната мрежа на MKTickets и на посебен пулт на ФФМ во Skopje City Mall (пред влезот на кафулето Play). Влезници ќе можат да се купат и на благајната на Националната арена „Тодор Проески“ од 1 јуни (сабота), а од 3 јуни (понеделник) и во Фудбалската федерација на Македонија, „Куќа на фудбалот“.

Цената на влезниците изнесува 150 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП