29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООфицијално, Конте нов тренер на Интер

Официјално, Конте нов тренер на Интер

Италијанскиот фудбалски прволигаш Интер го објави назначувањето на Антонио Конте на функцијата главен тренер.

– Сигурен сум дека Антонио Конте е еден од најдобрите тренери. Очекувам од него да ни помогне да ја оствариме нашата цел и да ја исполниме нашата мисија. Тоа е, повторно да го направиме овој клуб еден од најдобрите во светот, изјави Стефан Јан, претседателот на Интер.

Претходно, Конте работеше во Јувентус, во италијанската репрезентација и во Челзи.

Вчера, клубот од Милано го објави заминувањето на Лучијано Спалети, кој го водеше тимот две години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП