19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСпортски викенд со Арена Спорт каналите достапни за сите MaxTV корисници

Спортски викенд со Арена Спорт каналите достапни за сите MaxTV корисници

Подгответе се за Final 4 во Келн и финалетo од UEFA Champions League на 1 и 2 јуни

На само неколку дена сме пред  стартот на спектакуларниот спортски викенд на 1 и 2 јуни, кога ќе се одиграат најважните два спортски настани на годината: ракометниот Final 4 во Келн, и финалете од UEFA Champions League. Натпреварите ќе може да се следат на  Арена спорт каналите кои овој викенд ќе бидат достапни за сите корисници на Max TV на Македонски Телеком.

Во сабота, македонскиот ракометен шампион Вардар ќе се соочи со фаворизираната Барселона во првото Final 4 полуфинале.  На изненадување на сите „Црвено-црните“ ги оставија сите проблеми зад себе и одиграа нова фантастична сезона во елитата, која на крај беше зачинета со моќно издание против ПИК Сегед и заслужен пласман во Ф4. Во недела ќе биде големото ракометно финале и борбата за трето место.

А епското финале од UEFA Champions League е приказна за себе! Сите оние кои ги гледаа возбудливите полуфинални натпревари, сега имаат уште поголеми фудбалски очекувања. А Тотенхем И Ливерпул, по она што го прикажаа оваа сезона, дефинитивно имаат уште што да покажат. Лигата на шампионите никогаш не била помагична, поинтересна и повозбудлива, затоа, договорете друштво, купете омилени пијалоци и грицки и подгответе се за возбудата која доаѓа!

https://www.facebook.com/TelekomMK/videos/401577617094720/?t=2

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП