Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 9,052.00 0.03%    GRNT 868.34 2.16%    KMB 5,369.00 0.69%    MPT 61,504.82 -0.59%    RMDEN12 99.10 0.11%    RMDEN14 98.50 0.2%    RMDEN18 98.69 -0.01%    SBT 2,253.23 -6.12%    STIL 98.00 -2%    UNI 2,100.40 0.02%    

Нова методологија, нови цени – од полноќ поевтини горива

Време: 15:25

Датум: мај 27, 2019

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Од полноќ цените на горивата повторно се регулирани, а првата одлука на РКЕ по новата методологија е тие да поевтинат. Прифатени се дел од барањата на трговците кои сега ќе заработуваат по околу 6 денари по литар. Државата пак за себе ќе задржува над 20.

Од полноќ пониски цени на горивата

Од ноќеска на полноќ цените на горивата ќе бидат повторно регулирани. Со стапувањето во сила на новата методологија следува нивно поевтинување – бензинот ќе се продава за 1 денар помалку, а дизелот за 2 денари.

95-та ќе чини 71 денар за литар, 98-та 73 денари, додека дизелот ќе биде 64 денари. Екстра лесното масло ќе чини 53.5 денари, а 35.964 денари.

Просечното намалување на цените е 0.97% иако на светските берзи падот е поголем.

„Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 0.29% или за 1.95 $/тон, кај дизелот намалување во просек за околу 3.57% или 23.00 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за околу 3.07% или за 19.15 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 3.23% или за околу 13.35 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување“ се наведува во образложението од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Регулираните цени се воведуваат по пауза од четири недели во кои пазарот беше либерализиран.

Во новата методологија вметнати дел од барањата на трговците

Новата методологија е „златна средина“ меѓу она што го бараа трговците и она што важеше претходно.

Со неа е зголемена малопродажната маржа од 3.2 на 4.6 денари по литар иако трговците бараа од 6.2 до 6.5 денари за литар.

Трошокот за транспорт во државата е пресметан на 0.75 денари за литар, а маржата за продажба на големо ќе изнесува 1.20 денари.

Од регулаторна велат, трговците ќе имаат реални, а не огромни профити. Главни критериуми од кои зависат цените на горивата остануваат цените на сировата нафта на светските берзи и средниот курс на денарот во однос на доларот.

Колку чини литар гориво без давачките кон државата и маржата на трговците?

Литар безоловен бензин за 30.8 денари. Толку би чинело горивото на бензинските пумпи ако од малопродажната цена се одбие заработката на трговците и делот кој оди во буџетот.

Кога точите гориво најголем голем дел од парите одат кај државата. Според пресметката по новата методологија највисоката набавна цена на литар Еуросупер 95 е 30.787 денари.

На ова се додава големопродажна маржа од 1.20 денари, малопродажна маржа од 4.60 денари, надоместокот за екологија од 0.080 денари, давачката за задолжителни резерви од 0.890 денари, акцизата од 21.862 денари а на сето ова се пресметува и ДДВ од 18% со што крајната сума што ја плаќа потрошувачот е 71.00 денари по литар.

РКЕ ги утврдува само највисоките цени

Со старата методологија имаше неколку нивоа на цени, но трговците секогаш се одлучуваа за највисокото. Сега, нема вакво ограничување – горивата може да се продаваат по која било цена под максимално утврдената од РКЕ.

„Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за

транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките цени“ се наведува во одлуката на РКЕ.

Ова веројатно нема да се случи, досегашното искуство покажува дека бензинските станици секогаш се одлучуваа за најскапата можна варијанта.

Што се случи додека пазарот беше либерализиран?

Привремената либерализација на пазарот и можноста трговците сами да ги определуваат цените на нафтените деривати настана поради правниот вакуум предизвикан со не потпишувањето на измените на Законот за енергетика од поранешниот претседател Ѓорге Иванов заради што не можеше навреме да биде донесена новата методологија по која РКЕ треба да ги определува цените.

Потребата за донесување нова методологија е заради истекувањето на важноста на Анексот „Д“ што произлегува од Договорот за купопродажба на ОКТА на 8 мај годинава, според кој беше определена и постојната методологија за малопродажните цени на нафтените деривати.

Поради тоа што новата методологија за пресметка не стапи навреме на сила, бензинските пумпи имаа можност во два наврати да ги коригираат цените. Бензините првиот пат поевтинија, а вториот пат поскапеа за еден денар. Сепак цената на дизелот се вивна нагоре. Стигна до 66 денари по литар, откако поскапи половина денар на 13 мај и 2 денари минатиот понеделник.

Со новата методологија цените ќе се менуваат секоја недела

Од РКЕ велат дека откако новата методологија ќе стапи во сила нови цени ќе се утврдуваат секој понеделник, а не како досега секој втор понеделник.

„РКЕ ги штитела, ги штити и во иднина ќе продолжи да ги штити правата на потрошувачите. Со новата методологија ќе им определи маржа на трговците која ќе им овозможи да работата со разумен профит, но таа ќе биде многу помала од маржата од 11,5 отсто што беше определена за универзалниот снабдувач со електрична енергија“, изјави неодамна првиот човек на РКЕ Марко Бислимовски.

Горивата поскапеа за 20 денари за 10 години

Бензините за една деценија во просек поскапеа за 20 денари. Според одлуката на РКЕ од мај 2009 година малопродажната цена на Еуросупер 95 била 54.5 денари по литар, на Еуросупер 98 била 56.00 денари, на Еуродизелот 44.50 денари.

Зголемување има и во однос на лани. Во мај цената на Еуросупер 95 била 68.0 денари по литар, на Еуросупер 98 била 69.50 денари, на Еуродизелот 60.00 денари.

Откако на 1 јануари 2018-та година беше воведена дополнителна акциза од 3 денари а со додаден ДДВ во суштина за 3.5 денари по литар овој нафтен дериват има и најголем пораст на просечната цена. Пред десет години литар дизел чинел 44.50 денари, а сега 62.5 денари.

К. Н.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • УЈП: Најмногу пријави за неиздавање фискални и за сметки што не можат да се скенираат

    УЈП: Најмногу пријави за неиздавање фискални и за сметки што не можат да се скенираат

    Управата за јавни приходи информира за неправилностите коишто од почетокот на мерката поврат на 15 % од пресметаниот ДДВ, граѓаните ги пријавуваат на бројот 198.…

  • Камбоџа враќа 1.600 тони пластичен отпад во САД и Канада

    Камбоџа враќа 1.600 тони пластичен отпад во САД и Канада

    Камбоџа се приклучи на групата азиски земји кои одлучија да ги враќаат назад пратките со пластичен отпад што им ги испратија западните компании, објави „Си-ен-ен“.…

  • Германија воведува задолжителна вакцинација против мали сипаници

    Германија воведува задолжителна вакцинација против мали сипаници

    Германската влада го прифати предлогот на министерот за здравство, Јенс Шпан за воведување на задолжителна вакцинација против малите сипаници. Децата во Германија ќе мора во…

  • Индексите на Wall Street во пад втор ден по ред

    Индексите на Wall Street во пад втор ден по ред

    На Wall Street во средата цените на акциите паднаа втор ден по ред бидејќи деловните резултати на некои компании предизвикале стравувања од негативното влијание на американско-кинескиот…

  • Поголема градежна активност на патиштата, намалена изградбата на станови

    Поголема градежна активност на патиштата, намалена изградбата на станови

    Раст на градежните активности, претежно во нискоградбата, и надолен тренд во високоградбата ја одбележуваат состојбата во градежништвото во првата половина од годинава, коешто, според стопанствениците,…

  • На УКИМ слободни 10 665 места за нови студенти, првиот рок за упис на 29 и 30 август

    На УКИМ слободни 10 665 места за нови студенти, првиот рок за упис на 29 и 30 август

    На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје за упис во прва година додипломски студии во учебната 2019/2020 година слободни се вкупно 10 665 места. Според Конкурсот…

  • Сончево време со температура до 33 степени

    Сончево време со температура до 33 степени

    Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе…

  • „Бизнис раст со е- трговија“ – тема на Втората годишна конференција за е-трговија

    „Бизнис раст со е- трговија“ – тема на Втората годишна конференција за е-трговија

    На 25 октомври 2019 год, во Скопје ќе се одржи Втората годишна конференција за е-трговија под наслов „БИЗНИС РАСТ СО Е-ТРГОВИЈА“ во организација на Асоцијацијата…

  • Недостиг од квалификувана работна сила во преработувачката индустрија

    Недостиг од квалификувана работна сила во преработувачката индустрија

    Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производство во преработувачката индустрија имаат недостигот на квалификувана работна сила со 26,2 проценти, недоволната странска побарувачка со 15,6…

  • Роденден на MMF: 0,1 проценти од најбогатите заработиле колку половина од населението

    Роденден на MMF: 0,1 проценти од најбогатите заработиле колку половина од населението

    Вршител на должноста директор на Меѓународниот монетарен фонд, Дејвид Липтон, изјавил дека најбогатите 0,1 проценти од населението акумулирале исто богатство како најсиромашните 50 проценти. “Светот…