29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрвата ''жртва'' на Huawei: Новиот телефон нема да биде можно да се...

Првата ”жртва” на Huawei: Новиот телефон нема да биде можно да се купи

Судбината на паметниот телефон Honor 20 Pro, кој во вторникот се најави од Honor Huawei, а кој е еден од првиот избор за купувачите со плитки џебови, е неизвесна.

Додека Google ја прекина соработката со Huawei, Honor за 20 Pro смартфоните не може да добие лиценца за Google услугите која го формира јадрото на корисничкото искуство. Тоа значи дека уредите во Европа и другите пазари надвор од Кина не можат да започнат со продажба.

Светски познатиот технолошки медиум Wired, во вторникот поради прекин на Google на соработката со Huawei, Honot 20 pro го опиша како одличен паметен телефон кој моментално не можете да го купите. Насловот сега го преимениле во “телефон кој никој нема да може да го купи”.

Honor за најновиот смартфон Honor 20 Pro не добил сертификат за користење на Android и Google услугите, како што се Play Store, Gmail е-пошта, YouTube, Maps навигација, па затоа не може да започне со продажба во Европа, известил францускиот веб портал 01net.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП