23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританската влада го одложила гласањето за Брегзит во парламентот

Британската влада го одложила гласањето за Брегзит во парламентот

Британската премиерка Тереза Меј го одложила гласањето за новиот нацрт закон за Брегзит, кој го претставила како последна можност за излез од кризата.

Текстот бил предмет на критика од страна на опозициската Лабуристичка партија, евроскептиците но и владеачката Конзервативна партија, што довело до оставка на министерката задолжена за односи со парламентот Андреј Лидс.

Премиерката сакала парламентот да гласа за текстот на почетокот на јуни, но нацрт законот не се наоѓа на денешниот соопштен дневен ред за идните седници на парламентот.

Претставник на британската влада Марк Спенсер изјавил дека парламентот ќе биде известен за воведувањето на текстот во дневниот ред по паузата во парламентот предвидена до 4-ти јуни.

Тоа доцнење се случува на денот кога во Велика Британија се одржуваат избори за Европскиот парламент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП