19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТереза Меј поднесува оставка?

Тереза Меј поднесува оставка?

Times објави дека британската премиерка Тереза ​​Меј во петок ќе поднесе оставка.

Британскиот весник не го навел изворот на оваа информација, пренесува Reuters.

Times наведува дека Мej ќе остане на премиерската позиција додека не се заврши изборот на нејзиниот наследник.

Следниот британски премиер ќе биде избран со гласање на околу 125.000 членови на Конзервативната партија, додава британскиот весник.

BBC: На Британија и се закануваат нови оставки во владата

По одлуката на британската министерка задолжена за односите со парламентот Андре Лидс да поднесе оставка, тоа би можело да го сторат уште неколку министри во владата на премиерката Тереза ​​Меј, јавува BBC.

BBC Today наведува дека им било кажано и на другите министри дека би можеле да ја следат Лидс во одлуката да поднесат оставки, пренесува Reuters.

Лидс, една од водечките поддржувачи на Брегзит, вчера поднесе оставка. Таа рекла дека по последниот неуспешен предлог на премиерката Тереза ​​Меј за повлекување на Велика Британија од ЕУ, веќе не може да ја поддржи владата.

Во меѓувреме, Times објавил дека очекува Тереза ​​Меј утре да објави дека поднесува оставка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП