23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКасиљас се збогува со кариерата, но не и со фудбалот

Касиљас се збогува со кариерата, но не и со фудбалот

Легендарниот шпански голман Икер Касиљас наскоро ќе објави крај на својата кариера, пишува португалскиот весник „О Јого“.

Касиљас неодамна претрпе инфаркт, поради што лекарите му препорачаа да го напушти професионалниот фудбал. Шпанецот оваа одлука сигурно ќе ја објави на крајот на сезоната бидејќи не сака да го одвлече вниманието на соиграчите од последното коло на првенството и од финалето на купот.

Голманот на „змејовите“ има договор со Порто до крајот на сезоната и опција за продолжување на уште една сезона, но тоа сигурно нема да го стори.

Претседателот на клубот веќе му понуди функција во клубот, а Португалците веќе нагаѓаат дека ќе ја добие улогата на клупски амбасадор.

Шпанецот во Порто дојде во 2015 година откако практички беше избркан од Реал, каде што помина 25 години. Со „кралевите“ освои пет шампионски титули и три во Лигата на шампиони, а со „змејовите“ минатата сезона беше шампион на Португалија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП