Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 11,902.73 -0.05%    BESK 5,700.00 -8.06%    FERS 59,500.00 0%    GRNT 957.00 2.9%    KJUBI 1,261.00 -9.93%    KMB 5,991.11 0.74%    KPSS 321.00 -62.24%    OHB 4,501.00 0%    OKTA 3,153.00 0%    PKB 14,399.00 0%    POPK 16.00 -23.81%    RZLE 12.00 -7.69%    SBT 2,401.00 -7.3%    STB 1,055.00 -1.93%    

Opel Grandland X plug-in hybrid со погон на сите тркала

Време: 22:53

Датум: мај 16, 2019

Категорија: АВТОБИЗ

  • 300 КС и AWD: Новата верзија на Grandland X Hybrid4 е на врвот во понудата на SUV семејството на Opel
  • Четири режими на возење: Целосно електричен, хибриден, AWD и спорт
  • Практично: Литиум-јонска батерија целосно наполнета за само еден час и 50 минути
  • Ефикасно: Регенеративното сопирање го претвора сопирањето во електрична енергија
  • Opel оди на струја: Целосно електрифицирано портфолио до 2024 година

Риселсхајм. Opel оди на струја! Германскиот производител на автомобили продолжува да го имплементира овој клучен елемент од PACE! стратешки план со презентирање на новата верзија на погон на сите тркала PHEV (plug-in хибридно електрично возило) на Grandland X. Надминувајќи ја SUV понудата на Opel (која исто така ги сочинуваат Crossland X и Mokka X), елегантниот Grandland X Hybrid4 со опционална црна моторна хауба ја комбинира моќта на 1.6 турбо бензинскиот мотор и два електрични мотори за системски излез до 300 КС. Прелиминарната потрошувачка на гориво според WLTP1 / NEDC2 (оптоварена, комбинирана) е 2,2 л / 100 км со 49 г / км CO2. Планиран да тргне во продажба во текот на следните недели, а први испораки на потрошувачите во почетокот на 2020 година. Првиот plug-in хибрид на Opel ќе придонесе за електрификација на целото портфолио на моделите на германската марка до 2024 година. Тоа е, исто така, дел од стратегијата на производителот на автомобили е исполнување на целите на СО2. Друг чекор во процесот, кој исто така вклучува и високо ефикасни мотори со внатрешно согорување, ќе биде воведувањето на целосно батериска електрична верзија на следната генерација на Opel Corsa која ќе почне да се продава годинава.

Во согласност со позиционирањето на Opel како возбудлив, достапен, германски бренд, новиот PHEV претставува најсовремена технологија во plug-in хибридна технологија. Погонскиот системот на Grandland X Hybrid4 содржи:

  • 4-цилиндричен бензински мотор со директно вбризгување, со 1.6-литарски турбокомпресор со 147 kW / 200 КС, сертифициран од WLTP, со сертификат Euro 6d-TEMP, специјално прилагоден на хибридна апликација,

* и електричен погон со два електромотори со моќност од 80 kW / 109 КС, погон на сите тркала и литиум-јонска батерија од 13,2 kWh. Предниот електричен мотор е поврзан со електрифициран осум-степен автоматски менувач. Вториот електричен мотор, инвертер и диференцијал се интегрирани во електричната погонска задна оска за да се обезбеди влечење на сите тркала на барање.

Моторот најчесто се управува со средни до високи брзини на возилото, додека помали брзини се покриени со електричниот дел од погонскиот мотор. Opel Grandland X Hybrid4 може да мине до 50 километри во чист електричен режим во WLTP возниот циклус (60 км според NEDC). Истражувањата покажаа дека во Германија, 80 отсто од сите дневни патувања покриваат оддалеченост под 50 км, така што за овие потрошувачи, Grandland X Hybrid4 може потенцијално да вози со нулта емисија цело време.

Grandland X Hybrid4 ќе понуди четири режими на возење – електрични, хибридни, AWD и Sport – овозможувајќи им на возачите да ги прилагодат карактеристиките на автомобилот на нивните желби или на специфични услови за возење. На пример, изборот на хибриден режим му овозможува на автомобилот автоматски да го одбере својот најефикасен метод, со можност за префрлување во електричен режим за возење со нулта емисија кога ќе стигне до центарот на градот. Избирањето AWD режим ја активира електричната задна оска за максимално влечење на сите видови патишта.

Покрај демонстрацијата на тоа како Opel ги демократизира иновациите со најновите системи за погон, Grandland X Hybrid4 покажува како Opel секогаш ги гледа потребите на купувачот. На пример, штекерот за полнење на батеријата преку 3,3 kW вграден полнач (верзија со 6,6 kW е опционална) е поставена на спротивната страна на возилото до резервоарот за гориво, додека батеријата е поставена под задните седишта со цел да се оптимизира просторот во внатрешноста и багажникот.

Бидејќи струјата е поевтина од бензинот, возачите можат да заштедат пари кога редовно ја надополнуваат батеријата, наместо да ставаат гориво во резервоарот. Во зависност од локалните цени и опфатените растојанија, ова може значително да ги намали сметките за енергија.

Времето на полнење зависи од видот на полначот што се користи. Покрај кабелот испорачан со возилото за полнење од домашен штекер, Opel ќе понуди уреди за брзо полнење на јавните станици и ѕидни приклучоци дома. На пример, батеријата се полни за околу еден час и 50 минути со 7,4 kW прилучок.

За да се направи полнење уште попогодно, Grandland X Hybrid4 ќе има корист од решенијата за електрифицирани возила испорачани од Free2Move Services, брендот на PSA. Понудата ќе вклучува пропусница за полнење, давајќи пристап до повеќе од 85.000 точки за полнење во Европа, како и планер за патување, кој ги нуди најдобрите правци врз основа на преостанатиот опсег на возилото и локацијата на станиците за полнење по должината на рутата. Поврзаната навигација преку Navi 5.0 IntelliLink инфозабавниот систем се грижи за изнаоѓање на правци и упатства до одбраната станица за полнење.

Grandland X Hybrid4, исто така, ќе ја понуди новата Opel Connect телематик услуга. Корисни функции, како што се навигација со информации во реално време за сообраќајот, проверка на клучните податоци за возилото преку апликација, директна врска со помош на патот и итен повик, давајќи им на возачот и на патниците дополнителен мир. Помош може да се повика во рок од неколку секунди преку црвеното копче. Ако се активираат затегнувачите на ремените или воздушните перничиња, итниот повик се активира автоматски.

“Возење со една педала”: Забавување со педалот за гаста

Со цел дополнително да се подобри ефикасноста, Grandland X Hybrid4 има регенеративен систем за сопирање за да ја врати енергијата произведена при сопирање или забавување. Во конвенционалниот систем за сопирање, механичката енергија генерирана од триење во сопирачките се губи како топлина. Преку конвертирање на оваа вишок кинетичка енергија во електрична енергија, може или веднаш да ја користите или да ја складирате во батеријата, и целосниот опсег на Grandland X Hybrid4 може да се зголеми во просек до 10 проценти.

Возачот може дури и да премине на „регенерација на барање” за максимална рекуперација на енергија. Вртежниот момент на електричниот мотор е толку голем што педалата на сопирачката не треба да се користи за да се намали брзината до целосно запирање при нормален сообраќај. На тој начин, Grandland X Hybrid4 се контролира преку педалот за гас (One Pedal Driving).

За дополнително искористување на електричниот систем со висок напон (300 V), Grandland X Hybrid4 е опремен со електричен компресор за климатизација и електричен грејач.

Новиот Grandland X Hybrid4 припаѓа на авангардата на следната генерација на Opel кај електричните возила. Додека Ampera-e останува на продажба на одбрани пазари, производителот на глобално ниво ќе ја лансира во рок од 20 месеци новата Corsa, новата Zafira Life MPV, новиот Vivaro LCV и наследникот на Mokka X – од кои секоја ќе има целосно батерија електрична верзија.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Европскиот суд им овозможи на купувачите на „Фолксваген“ полесно да тужат

    Европскиот суд им овозможи на купувачите на „Фолксваген“ полесно да тужат

    Највисокиот суд на Европската Унија донесе пресуда дека купувачите на автомобили „Фолксваген“ опремени со софтвер инсталиран за да ги измами тестовите за емисија на гасови,…

  • Германска автомобилска индустрија: Добија помош од буџетот, а исплаќаат дивиденди

    Германска автомобилска индустрија: Добија помош од буџетот, а исплаќаат дивиденди

    Иако голем број германски производители на автомобили добија државна помош за време на епидемијата од коронавирус, нивните акционери сепак очекуваат да добијат милијарди евра преку…

  • Toyota и понатаму највредниот автомобилски бренд во светот

    Toyota и понатаму највредниот автомобилски бренд во светот

    Компанијата Kantar, која се занимава со истражување на пазарот, објави листа на 100 највредни брендови во светот, а на кој се нашле само три автомобилски…

  • Volkswagen се откажа од изградба на фабрика во Турција

    Volkswagen се откажа од изградба на фабрика во Турција

    Германскиот производител на автомобили Volkswagen се откажа од планот за изградба на нова фабрика во Турција. Одлуката е донесена како одговор на намалената побарувачка за нови…

  • Откажан Женевскиот саем за автомобили за 2021 година

    Откажан Женевскиот саем за автомобили за 2021 година

    Фондацијата која стои зад Женевскиот саем за автомобили ја откажа организацијата на овој настан за следната година, откако голем број потенцијални излагачи изјавија дека најверојатно нема…

  • Tesla е највредниот производител на автомобили во светот

    Tesla е највредниот производител на автомобили во светот

    Дури и среде пандемија, Tesla продолжува да расте. Компанијата, која започна пред нешто повеќе од 15 години, сега стана најпочитуваниот светски производител на автомобили – надминувајки…

  • Полни со возбуда: Нова Opel Mokka Electric и Energetic

    Полни со возбуда: Нова Opel Mokka Electric и Energetic

    Чиста енергија: смел изглед, висока положба на седење, електричен погон без емисија на гасови Воодушевувачка е-моќност: 100 kW / 136 КС и 260 Nm вртежен…

  • Новата генерација на најпосакуваниот семеен автомобил е тука: Добредојдовте во новата ŠKODA Octavia

    Новата генерација на најпосакуваниот семеен автомобил е тука: Добредојдовте во новата ŠKODA Octavia

    Бидејќи со сè што правиме, главниот фокус е секогаш на клиентот. Секој производ или услуга што ги нудиме целат кон тоа да предизвикаат пеперутки во…

  • Продажбата на автомобили во ЕУ оваа година ќе биде помала за 25 проценти

    Продажбата на автомобили во ЕУ оваа година ќе биде помала за 25 проценти

    Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA) предвидува дека продажбата на пазарот на автомобили во Европската унија (ЕУ) оваа година ќе се намали за 25…

  • BMW го намалува бројот на работници: Ги испраќа во пензија или на доквалификација со гаранција за вработување

    BMW го намалува бројот на работници: Ги испраќа во пензија или на доквалификација со гаранција за вработување

    Германскиот производител на автомобили BMW најави укинување на пет проценти од работните места како резултат на намалената побарувачка на пазарот, јавува агенцијата Anadolu (АА). Раководството на BMW…