19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗCitroen ја продолжува традицијата на своите големи лимузини 2021

Citroen ја продолжува традицијата на своите големи лимузини 2021

Citroen подготвува нов седан кој ќе се најде на врвот на понудата на овој француски производител.

Како што дознава Auto Express, Citroen ќе ја продолжи повеќедецениската традиција во својот асортиман да има голема лимузина.

Иако долго беше препознатлив по луксузните седани, од моделот DS – познатата “ајкула”, преку CX и XM, па се до C5 и C6, Citroen во моментов нема возило од овој сегмент.

Првата жена на Citroen, Линда Џексон, најавила неодамна на шангајскиот авто-салон дека компанијата моментално е во идеална позиција повторно да ја лансира големата лимузина.

“За да бидеме вистински кредибилен светски авто-бренд, неопходно е да понудиме широк спектар на модели, од најмали автомобили, преку оние од средна класа и SUV возила, па до големи автомобили”, објаснува Линда Џексон.

Таа додала дека во план е голема лимузина, дека постои пазар за еден таков Citroen и дека компанијата ќе го лансира за неколку години.

За својот иден голем Citroen на располагање ја има EMP механичката платформа ба PSA групата која користи модели како што се Peugeot 508 или Opel Grandland X.

Оваа платформа поддржува возила како што се со мотор SUS, така и plug-in хибридни автомобили. PSA во моментов развива нова верзија EMP архитектура на која ќе се базираат целосно електрични модели.

Засега не е јасно дали Citroen планира неговата лимузина да има електричен или конвенционален погон, а непознат е и дизајнот на автомобилот. Сепак, како инспирација за обликување на ова возило би можело да послужи концептот Cxprience од 2016 година(прикажан на фотографиите).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП