19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКасилјас ќе мора да ја заврши кариерата

Касилјас ќе мора да ја заврши кариерата

Икер Касилјас се наоѓа во добра здравствена состојба, откако вчера доживеа инфаркт на тренингот на Порто. Голманот синоќа од болницата во која е сместен им се заблагодари на сите оние што му упатиле зборови на поддршка преку социјалните мрежи.

Светскиот и двојниот европски шампион со Шпанија имал среќа што лекарскиот тим на Порто реагирал навремено и што веднаш бил хоспитализиран. Касилјас, кој неодамна го продолжи договорот со Порто до 2020 година, ќе мора да стави крај на богатата кариера.

„Икер нема да биде во можност да се занимава со професионален спорт откако доживеа инфаркт на моикардот. Нема да може да игра фудбал со вграден стент. Ќе може да води нормален живот, но за него кариерата е завршена“, изјавил на националната шпанска телевизија „ТВЕ“, кардиологот Хуан Антонио Корбалан, кој е поранешен кошаркар на Реал.

Икер Касилјас две децении е во фудбалот. Кариерата ја почна во 1999 година во Реал, а во Порто е од 2015 година.

Во кариерата ги освоил сите значајни клупски и репрезентативни трофеи.

Касилјас: Добро се исплашив, благодарам за поддршката

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП