25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМеси им дал гол на сите англиски тимови со кои играл во...

Меси им дал гол на сите англиски тимови со кои играл во Лигата на шампионите

Капитенот на Барселона, Лионел Меси, беше двоен стрелец вои синоќешниот триумф над Ливерпул (3:0) во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Аргентинецот постигнал гол на сите натпревари кога за противници во елитното натпреварување имал екипи од Англија.

Досега Меси постигнал 26 голови на 33 натпревари со англиски екипи.

Синоќа Меси за првпат постигна гол против Ливерпул. Против Арсенал има дадено девет гола, шест пати ја затресол мрежата на Манчестер сити, четири на Манчестер јунајтед, три пати го совладал голманот на Челзи и два пати на Тотенхем.

Тимот на Барселона се наоѓа пред пласман во финалето на Лигата на шампионите, откако синоќа на домашен терен го победи Ливерпул со 3:0 во првиот дуел од полуфиналната пресметка во фудбалската Лига на шампиони.

Каталонците поведоа со голот на Луис Суарез во првото полувреме, а потоа со два гола на Меси во последните петнаесетина минути дојдоа до убава предност пред возвратниот меч.

Реваншот ќе се игра на 7 мај во Ливерпул.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП