28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДресовите на Манчестер јунајтед најпродавани во светот

Дресовите на Манчестер јунајтед најпродавани во светот

Англискиот фудбалски великан Манчестер јунајтед последните неколку сезони не ги постигнува очекуваните резултати, но тоа не е причина, дресот на „црвените ѓаволи“ да биде најбаран во светот.

Според извештајот на маркетинг агенцијата „Еуромерикас“ Јунајтед во 2018 година е прв на листата тимови со најпродавани дресови – 3,25 милиони.

На второто место на оваа листа се наоѓа Реал Мадрид со 3,1 милион продадени дресови.

Над два милиони, поточно 2,57 милиони дресови се на германскиот шампион Баерн Минхен.

Од четвртото до десеттото месо се: Барселона, Ливерпул, Јувентус, Челзи, Борусија Дортмунд, Пари Сен-Жермен и Манчестер сити.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП