24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗизу му ја ветил „десетката“ на Азар

Зизу му ја ветил „десетката“ на Азар

Еден Азар во летниот преоден рок ќе пристигне на „Сантијаго Бернабеу“, а таму ќе го чека дресот со број 10. Интересно е што овој број во Реал, изминатите три години го носи Лука Модриќ, официјално најдобриот светски фудбалер.

Шпанските медиуми тврдат дека тренерот на Реал, Зинедин Зидан, му ја ветил „десетката“ на Азар кога тој ќе го потпише договорот.

Наводно Азар не ја сакал „седумката“ што ја прослави Кристијано Роналдо, а откако Португалецот замина од клубот оваа бројка му припадна на Маријано Дијаз.

Доколку Зидан навистина му ја ветил „десетката“ на Азар, се поставува прашањето како на одлуката ќе реагира Модриќ, некои медиуми не ја исклучуваат можноста Хрватот по седум години да го напушти клубот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП