28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСолскјер: Сити е најдобриот тим на светот

Солскјер: Сити е најдобриот тим на светот

Тренерот на Манчестер jунајтед, Оле Гунар Солскјер призна дека Манчестер сити заслужено го победи неговиот тим во натпреварот од 31. коло на англиското првенство.

– Одигравме пристојно прво полувреме, добро ја контролиравме топката и создадовме шанси. За време на паузата сфатија дека имаат многу работа пред себе. Сити заслужено победи, бидејќи тие беа премногу добро подготвени за нас. Ова е најдобриот тим на светот. Го подигнаа нивото во последните две сезони. Тоа што го направи Пеп Гвардиола со своите играчи е одлично, изјави Солскјер.

Норвежанецот рече дека се разочарани, но не се предаваат се додека има шанси за 4.место.

– Направивме се што можеме. Мораме да го сториме тоа и утре и следниот ден. Се додека постојат шанси за 4. место и обезбедување пласман во Лигата на шампионите, рече Солскјер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП