Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 9,953.32 -0.36%    BESK 7,864.14 -3.73%    ERMT 197.00 0%    GRNT 898.32 0.37%    KMB 5,432.66 0.4%    MPT 63,052.61 0.54%    OKTA 4,750.00 0.42%    RZIT 20.00 0%    RZUG 12.00 0%    SBT 2,592.06 9.02%    STB 1,196.43 0.83%    STBP 790.00 -16.75%    STIL 103.00 0%    TETE 2,424.27 4.72%    TNB 16,388.19 -2.45%    TTK 1,455.99 -2.93%    UNI 2,250.00 0%    ZPKO 1,851.00 2.83%    

Colossus – роботот кој помогна во спасување на Нотр Дам (видео)

Време: 14:43

Датум: април 18, 2019

Категорија: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Париските пожарникари се соочија со огромна задача во обид да го запрат пожарот во Нотр Дам во кој се запали покривот и ја уништи кулата. Огнот уништи непроценливи делови од катедралата, но пожарникарите успеаа да спасат поголем дел од вредностите внатре. Исто така спречиле пожарот да не ја оштети целата структура, а во таа акција како помош распоредиле робот на далечински управувач, наречен Colossus.

Роботот, кој е тежок околу 499 килограми, бил произведен од страна на француската технолошка компанија Shark Robotics. За пожарникарите би било многу опасно да влезат во Нотр Дам со тешка опрема додека кровот горел и делови паѓале околу нив. На нив им помогнал Colossus кој е дизајниран да издржи екстремни услови додека го користи цревото и носи тешки алати. Со него може да се управува на растојание од речиси 305 метри и бидејќи има модуларен дизајн, може да се конфигурира во зависност од барањата за работа.

Самиот робот е долг 1,6 метри, широк 0,7 метри и висок помалку од 0,7 метри. Водоотпорен, отпорен е на оган и работи на два електромотори кои се поддржани со шест литиум-јонски батерии. Роботот може да достигне брзина од 3,5 км/ ч, но е сосема способен за качување преку пречки и може да носи повеќе од 544 кг товар.

Добрата вест е дека немаше жртви во овој инцидент, дури околу 400 пожарникари учествувале во операцијата за контрола на пожарот, покрај многуте други вработени во брзата помош.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Америка не се откажува, сака да отвори конзулат на Гренланд

    Америка не се откажува, сака да отвори конзулат на Гренланд

    Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира да отвори американски конзулат на Гренланд, во услови на растечки стратешки и економски интерес на данската територија. Во…

  • Само 10 богаташи можат да си го дозволат овој луксуз

    Само 10 богаташи можат да си го дозволат овој луксуз

    Bugatti го претстави најскапиот модел во својата понуда наречен Centodieci, чија цена изнесува вртоглави девет милиони долари, а тоа што е уште поексклузивно е фактот…

  • Почна 33-тиот Охридски пливачки маратон

    Почна 33-тиот Охридски пливачки маратон

    Дваесет и еден од 22 пријавени пливачи точно на пладне влегоа во водите на Охридското Езеро кај Свети Наум, на стартот на 33-тиот меѓународен Охридски…

  • Берба и откуп на споредни шумски плодови – макотрпна, но исплатлива сезонска работа

    Берба и откуп на споредни шумски плодови – макотрпна, но исплатлива сезонска работа

    Сезоната на зреење боровинки, малини, капини, како и останати споредни шумски плодови е во полн ек, а голем број граѓани со години летото го минуваат…

  • Топол третман со масло за длабоко закрепнување на коса

    Топол третман со масло за длабоко закрепнување на коса

    Ако барате решение за проблем со сува и оштетена коса, можете да пробате домашен третман со топло масло. Доволна ви е една состојка – растително…

  • Солскјер: Жалам за оние што шират омраза преку социјалните мрежи

    Солскјер: Жалам за оние што шират омраза преку социјалните мрежи

    Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер зборуваше за расистички навреди упатени кон играчот од средниот ред Пол Погба. – Пол има силен карактер. И…

  • Претпладне сончево, попладне можен пороен дожд

    Претпладне сончево, попладне можен пороен дожд

    Времето претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови облачноста ќе се зголемува, особено во западните и северните…

  • Среде туристичка сезона: Авиокомпанија откажа 112 летови

    Среде туристичка сезона: Авиокомпанија откажа 112 летови

    Шпанската авиокомпанија Vueling откажа 112 летови најавени за претстојниот викенд на аеродромот El Prat во Барселона поради штрајк на копнениот персонал. За сабота, 24 август, компанија откажа…

  • IFO: Брегзит без договор најтешко би ја погодил Ирска, некои земји ќе профитираат

    IFO: Брегзит без договор најтешко би ја погодил Ирска, некои земји ќе профитираат

    Брегзит без договор најтешко ќе ја погоди ирската економија, покажуваат резултатите на истражувањето на германскиот институт IFO. Нивото на економски напредок, во случај на таканаречениот…

  • Три најважни работи кои веќе сега можете да ги направите со вашите пари ако се плашите од криза

    Три најважни работи кои веќе сега можете да ги направите со вашите пари ако се плашите од криза

    Рецесијата тропа на вратата на многу земји во светот, и повеќе не е прашање дали доаѓа, туку кога. Германија веќе ”танцува” на работ на рецесија,…