19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈунајтед со нова понуда за Бејнс

Јунајтед со нова понуда за Бејнс

Leighton-Baines-006

Шампионот на Англија, Манчестер Јунајтед ќе направи нов обид да го доведе во своите редови дефанзивецот на Евертон, Лејтон Бејнс. Левиот бек забележа голем напредок во последните години и со тоа стана стартер во националниот тим, а интересот на „црвените ѓаволи“ кон него датира уште од минатата сезона.

Откако Дејвид Мојс го напушти Евертон и застана на чело на Јунајтед, претседателот на Евертон, Бил Кенрајт го предупреди да не се обидува да го земе својот миленик Бејнс на „Олд Трафорд“.

Сепак Јунајтед испрати понуда во вредност од 12 милиони фунти, која беше веднаш одбиена. Сега шампионот на Англија планира да понуди 15 милиони фунти плус одредени бонуси поврзани со настапите на фудбалерот.

Според „Daily Mail“ вкупниот износ на трансферот би можел да дојде до 20 милиони фунти. Бејнс има договор со Евертон за уште две години. Новиот менаџер на тимот Роберто Мартинез е решен да го задржи на „Гудисон Парк“ и планира да му понуди нов договор, според кој 28-годишниот дефанзивец ќе добива по 70.000 фунти неделно. Желбата на Манчестер Јунајтед да го доведе англискиот репрезентативец ги засилува гласините дека Патрис Евра може да се врати во Франција, каде е посакуван од ПСЖ и Монако.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП