20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈунајтед сé уште не може да се разбере со Рашфорд

Јунајтед сé уште не може да се разбере со Рашфорд

Манчестер Јунајтед сè уште не може да најде начин да се договори со Маркус Рашфорд за да го продолжи договорот, објави „Дејли мејл“.

Со доаѓањето на Оле Гунар Солскјер на тренерската позиција, Рашфорд стана клучен играч за тимот. Во 42 натпревари за „црвените ѓаволи“ оваа сезона има 13 гола и асистенции.

Напаѓачот е дете на клубот и е последниот, со кој Солскјер би се разделил, но во моментов има несогласувања меѓу фудбалерот и клубот.

Маркус Рашфорд сака да заработува 200.000 фунти неделно и гаранција дека ќе биде носител, а раководството не може да ги исполни и неговите желби.

Договорот на напаѓачот истекува на крајот од следната сезона, но постои можност за негово продолжување за 12 месеци. Според медиумите на Островот, Барселона покажува интерес за него.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП