Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 9,052.00 0.03%    GRNT 868.34 2.16%    KMB 5,369.00 0.69%    MPT 61,504.82 -0.59%    RMDEN12 99.10 0.11%    RMDEN14 98.50 0.2%    RMDEN18 98.69 -0.01%    SBT 2,253.42 -6.11%    STIL 98.00 -2%    UNI 2,100.40 0.02%    

Не му доаѓа памет! Џои Бартон го „нокаутирал“ менаџерот на Барнсли

Време: 11:27

Датум: април 14, 2019

Категорија: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полицијата на Јоркшир потврди дека го истражува инцидентот кој се случил во тунелот по мечот Барнсли-Флитвуд во англиската трета лига, кога менаџерот на Флитвуд, проблематичниот Џои Бартон наводно го нокаутирал менаџерот на ривалите Даниел Стендел по 4:2 победата на домаќините.

Напаѓачот на Барнсли, Коли Вудроу на Твитер напиша дека неговиот менаџер Стендел останал со „крв на лицето“ по нападот на Бартон, но потоа ја избриша пораката од Твитер.

Ова е само еден од низата на инцидентите кои ја одбележија кариерата на Бартон, но повеќето се случија додека тој беше фудбалер. Во декември 2004 година, тој изгасна цигара од окото на својот тогашен колега од Манчестер сити, Џејми Танди, кој подоцна го тужеше Бартон и доби 65.000 фунти отштета. Во јули 2005, тој се тепаше со 15-годишен навивач на Евертон во хотелот на Сити во Бангкок, а во мај 2007 беше суспендиран од „граѓаните“ по нападот над Усман Дабо, кој заврши во болница. За ова тој доби четиримесечна условна казна затвор за напад.

Во 2012 година, како фудбалер на Квинс парк ренџерс, тој има легендарен меч против својот поранешен клуб Манчестер сити – добива црвен картон за удар со лакт на Карлос Тевез, во меч во кој претходно со колено го удри Серхио Агуеро, а се обиде и со глава да го удри Винсен Компани. За ова тој доби суспензија од 12 меча. За крај, тој во 2017 добива 18-месечна суспензија откако призна дека се обложувал на голем број на фудбалски мечеви.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Камбоџа враќа 1.600 тони пластичен отпад во САД и Канада

    Камбоџа враќа 1.600 тони пластичен отпад во САД и Канада

    Камбоџа се приклучи на групата азиски земји кои одлучија да ги враќаат назад пратките со пластичен отпад што им ги испратија западните компании, објави „Си-ен-ен“.…

  • Германија воведува задолжителна вакцинација против мали сипаници

    Германија воведува задолжителна вакцинација против мали сипаници

    Германската влада го прифати предлогот на министерот за здравство, Јенс Шпан за воведување на задолжителна вакцинација против малите сипаници. Децата во Германија ќе мора во…

  • Индексите на Wall Street во пад втор ден по ред

    Индексите на Wall Street во пад втор ден по ред

    На Wall Street во средата цените на акциите паднаа втор ден по ред бидејќи деловните резултати на некои компании предизвикале стравувања од негативното влијание на американско-кинескиот…

  • KFC го отвори својот прв „Drive Thru“ ресторан во Македонија

    KFC го отвори својот прв „Drive Thru“ ресторан во Македонија

    Еден од најголемите ланци на ресторани, KFC, на 18.07.2019 (четврток) во рамките на свеченото отвoрање на POINT Retail Park во Скопје го отвори својот прв…

  • Ова растително масло помага во превенција на Алцхајмерова болест

    Ова растително масло помага во превенција на Алцхајмерова болест

    Едно истражување покажало дека екстра дивергентното маслиново масло може да го намали ризикот од Алцхајмерова болест и деменција. Имено, маслиновото масло ги одржува способностите за…

  • Поголема градежна активност на патиштата, намалена изградбата на станови

    Поголема градежна активност на патиштата, намалена изградбата на станови

    Раст на градежните активности, претежно во нискоградбата, и надолен тренд во високоградбата ја одбележуваат состојбата во градежништвото во првата половина од годинава, коешто, според стопанствениците,…

  • На УКИМ слободни 10 665 места за нови студенти, првиот рок за упис на 29 и 30 август

    На УКИМ слободни 10 665 места за нови студенти, првиот рок за упис на 29 и 30 август

    На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје за упис во прва година додипломски студии во учебната 2019/2020 година слободни се вкупно 10 665 места. Според Конкурсот…

  • Таткото на Нејмар на состанок со шефовите на Јувентус

    Таткото на Нејмар на состанок со шефовите на Јувентус

    Таткото на Нејмар е во Торино за средба со спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи, вели „Ел Мундо Депортиво“, повикувајќи се на информации од Италија.…

  • Сончево време со температура до 33 степени

    Сончево време со температура до 33 степени

    Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе…

  • Renault со кинеска компанија го шири производството на електрични автомобили

    Renault со кинеска компанија го шири производството на електрични автомобили

    Француски Renault формирал заедничко вложување со кинески Jiangling Motors Corporation Group (JMCG) за производство на електрични автомобили наменети за пазарот во Кина. Француската компанија соопшти дека…