ПочетнаЕКОНОМИЈАОблачно со врнежи од дожд

Облачно со врнежи од дожд

Времето во земјава ќе биде облачно со врнежи од дожд кои на повеќе места се очекува да бидат пообилни (над 25 л/м2), а локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Утринската температура ќе се движи од два до 10 степени, а дневната температура од 10 до 16 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд.

Утринската температура ќе достигне до шест степени, а дневната до 16 степени.

Во наредните денови нашето подрачје ќе биде под влијание на нестабилна и влажна воздушна маса која ќе предизвика пообилни врнежи од дожд (над 25 л/м2), кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП