24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАтлетико и Лион во битка за Кркиќ

Атлетико и Лион во битка за Кркиќ

krkic

Освојувачот на Купот на кралот во Шпанија, Атлетико Мадрид и повеќекратниот шампион на Франција, Олимпик Лион се вклучуваат во битката за потписот на напаѓачот Бојан Кркиќ. Повремениот репрезентативец на Шпанија е во сопственост на Барселона, но во минатите две сезони играше како позајмен играч во Рома и Милан.

Каталонците сакаат да го продадат 22-годишниот напаѓач, а екипата на Милан има намера да го задржи, но повторно на позајмица затоа што немале доволно пари за да го купат.

Атлетико Мадрид и Лион сега се најсериозните екипи кои покажаа голем интерес за Кркиќ, но тие се уште не упатиле официјална понуда за него. Другата опција за напаѓачот е трансфер во Малага, па останува да се види каква судбина ќе има Кркиќ на крајот од летниот преоден рок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП