ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија последна меѓу најголемите европски пазари на автомобили

Италија последна меѓу најголемите европски пазари на автомобили

fiat-logo

Италија убедливо го зазеде последното место меѓу најголемите европски пазари на автомобили бидејќи лани продажбата на нови возила паднала за дури 19,9 отсто во однос на 2011 година, објави Европската асоцијација на производители на автомобили.

Зад Италија се Франција и Шпанија, со пад на регистрираните нови автомобили од 13,9 и 13,4 отсто во однос на претходната година.

Особено се поразителни податоците од декемвриската продажба, бидејќи двоцифрен пад е забележан во сите водечки економии на Европската унија.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП