24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЗошто секој лет на Боинг бил подвижна бомба!?

Зошто секој лет на Боинг бил подвижна бомба!?

Боинг 737 Макс е моделот на авион кои во две несреќи однесе повеќе од 300 животи, произведен од страна на компанијата Боинг.

Во тек е истрага за да се види дали се занемарени некои клучни безбедносни прашања, како и дополнителни обуки за пилотите.

Според The New York Times, во 2011 година, шефовите на Боинг, соочени со можноста American Airlines да купи стотина авиони од Ербас, се откажуваат од идејата за развој на нов модел на авиони, за што би изгубиле цела деценија, одлучуваат да го осовременат постоечкиот 737, во рок од шест години.

Сега, ова брзање за да се направи 737 Макс, и се заканува на угледот и профитот на компанијата.

Првично, Боинг не беше многу загрижен за најавениот нов модел на Ербас – A320 neo.

Во седиштето на Боинг во секторот за патнички авиони во Рентон во државата Вашингтон, процениле дека авионот ќе биде скап и неконкурентен.

Сметале дека не треба да се реагира веднаш, туку дека треба да се почека до крајот на оваа деценија и да се појават на пазарот со сосема нов модел на авион.

Боинг, долго време немаше причина да се грижи за европската конкуренција. Но, од крајот на 1990-тите години, се повеќе и повеќе нискобуџетни компании го купувале А320, така што Ербас од 2005 година ја презема водечката улога во продажбата.

До тогаш арогантниот “Боинг”, го вклучи алармот кога една голема американска авиокомпанија ја пополни својата флота исклучиво со авионите на Ербас.

Тогаш започна жестока трка за да се надокнади заостатокот. Инженерите биле притиснати да направат технички решенија и нов дизајн во краток рок, работниците биле префрлени во други сектори, а буџетот бил ограничен.

Сегашни и поранешни вработени во Боинг велат дека, и покрај ова брзање, тие не се сомневале во квалитетот на проектот кога работата била завршена. За да го надмине Ербас, Боинг мораше да постави нов посилен и поголем мотор на 737 Макс, што довело до серија промени.

Поголемиот мотор ја менува аеродинамиката на авионот и прави, во некои околности, полесно да ја изгуби рамнотежата на кревањето на крилата. За да се спречи тоа, Боинг додаде и нов софтвер наречен MCAS, кој автоматски ќе го спушти носот на авионот, доколку тој би се навалил под опасен агол.

Меѓутоа се покажа дека токму новиот систем се нашол во фокусот на истрагата на последните две авионски несреќи.

Боинг сега работи на поправка на MCAS.

Компанијата е под зголемен притисок, бидејки авиокомпаниите размислуваат за укинување на нарачките или бараат оштета.

Сепак, производството во фабриката во Рентон продолжува. Боинг во моментов произведува 52 модели 737 месечно, повеќето се 737 Max, a во април има за цел да го зголеми тој број на 57, според The ​​New York Times.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП