25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛеонардо Ди Каприо се приклучи на создавањето алтернатива на традиционалните банки

Леонардо Ди Каприо се приклучи на создавањето алтернатива на традиционалните банки

Како дел од неговото застапување, Леонардо Ди Каприо инвестираше во неколку одржливи компании, како што се Beyond Meat, AllBirds, Runa и други, но сепак, неговата фондација инвестираше над еден милион долари во еколошки проекти. Што се однесува до неговиот последен потфат, објавен на 21 март 2019 година, Ди Каприо ќе се приклучи на советодавниот одбор и ќе инвестира во „Aspiration“.

Компанијата „Aspiration“ е алтернатива на големите банки и е наменета да им помогне на луѓето да ја спасат планетата додека штедат пари. Во име на „Aspiration“, Леонардо ди Каприо изјави:

„Секоја година проектите за нафтоводи, дупчења и други екстракции на фосилни горива се финансираат со пари депонирани кај традиционалните банки”, рече Ди Каприо. За да донесеме долгорочни решенија за нашата планета, потребни ни се алтернативи кои ги поттикнуваат секојдневните потрошувачи да преземат акција против климатските промени. „Aspiration“ им помага на луѓето да ја заштитат нашата планета, со тоа што нивните депозити не се поврзани со фосилни горива и со наградување на општествено свесно трошење. Горд сум што сум дел од „Aspiration“ и нивната работа за да помогнам да ја спасиме планетата.“

„Aspiration“ нуди одржливи банкарски услуги и инвестициски производи, па можете да направите профит додека го претворате светот во подобро место. Клиентите во големите банки, многу често не се свесни дека нивните депозити се користат за финансирање на нафтоводи или дека нивните банкарски провизии се претвораат во трошоци за кампањи за политичари кои можеби не ги поддржуваат. Оваа магла во банкарскиот систем е токму она против кое „Aspiration“ се бори.

Според „Aspiration“, основачите не планирале да изградат банка. Тие настојувале да изградат подобар свет. Што значи, повеќе пари во вашиот џеб – и поголема моќ да правите добро во вашите раце. На кратко кажано, „Aspiration“ е банкарска компанија изградена на доверба, која им овозможува на своите клиенти да ја стават својата “совест во прв план”.

Додека големите банки работат напорно за секој еден процент, „Aspiration“ работи да ги донесе најдобрите финансиски решенија за сите свои корисници. Не е изненадување што Леонардо Ди Каприо избра да ја поддржи банката изградена врз база на заедницата и еколошката свест.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП