28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМајами: Ѓоковиќ во втората рунда, испадна Тим

Мајами: Ѓоковиќ во втората рунда, испадна Тим

Новак Ѓоковиќ со победа го започна учеството на мастерсот во Мајами, од кој веќе испадна шампионот од Индијан Велс, Доминик Тим.

Ѓоковиќ, прв носител во Мајами, беше слободен во првото коло, а во второто го победи Австралиецот Бернард Томиќ со 7:6, 6:2. Мечот на главниот терен во Мајами траеше 73 минути.

Во наредната рунда Србинот за противник ќе го има Аргентинецот Федерико Делбонис, кој по голема борба успеа да го победи Џон Милман од АВстралија со 7:5, 3:6, 7:6.

Изненадувањето на денот во Мајами е елиминацијата на Доминик Тим. Австриецот минатата недела го освои мастерсот во Инсијан Велс, а во Мајами не успеа да ја мине втората рунда.

Подобар од Тим беше Полјакот Хубер Јуркач кој победи во два сета 6:4, 6:4.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП