ПочетнаЕКОНОМИЈАПроменливо облачно време со температура до 17 степени

Променливо облачно време со температура до 17 степени

На повеќе места во земјава ќе има зголемена облачност, ќе продолжи да дува умерен североисточен ветер, а дневната температура дополнително ќе се намали за 2 до 3 степени, соопшти УХМР.

Во крајните југоисточни делови ќе има услови за краткотраен дожд.

Извор: УХМР

Температурата ќе се движи од 1 до 17 степени. Во Скопје променливо облачно време со температура од 5 до 17 степени.

Утре, како и за време на викендот, ќе биде стабилно, а температурата повторно ќе биде во пораст.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП