28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИТрамп штеди на балканските сервиси: Скопје и Подгорица излегуваат од игра?

Трамп штеди на балканските сервиси: Скопје и Подгорица излегуваат од игра?

Судејќи според предлогот на буџетот на САД за 2020 година, Трамп штеди на балканските сервиси

Предлог буџетот за 2020 година, доставен од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп до Конгресот, е најголем во историјата на САД.  Но, во исто време тој предвидува заштеди за странски програми. Ова исто така важи и за балканскиот сервис Радио Слободна Европа со престанок на работа во кај нас и Црна Гора, пишува Novosti.rs.

Нацрт-буџетот предвидува намалување на средствата за странските програми за дури 22 отсто. Тоа вклучува укинување на три сервиси – Радио Слободна Европа(РСЕ), кои емитуваат програма во 22 земји на 26 јазици, како и помалку средства за Гласот на Америка, Радио Слободна Азија и други радиодифузери на Агенцијата за глобални медиуми на САД.

Буџетот на РСЕ е намален од 124 милиони на 87 милиони долари. Намалувањето, исто така, вклучува и укинување на грузискиот, татарско-башкирски и севернокавказскиот сервис во текот на 2020 година.

Предлог-буџетот на Трамп за следната година изнесува 4,7 трилиони долари. Додека се предлага ,,пукање” на странските програми, но и некои социјални бенефиции, истовремено се зголемуваат трошоците за одбрана за 750 милијарди долари и 8,6 милијарди долари за изградба на ѕид на границата со Мексико.

Конгресот на САД е тој што носи конечна одлука за државниот буџет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП