19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗидан подготвува револуција во Реал Мадрид

Зидан подготвува револуција во Реал Мадрид

Зинедин Зидан, кој пред една недела се врати на чело на Реал Мадрид, планира револуција во клубот, а зад него стои Флорентино Перез, кој е подготвен да ги исполни сите негови желби.

„Кралскиот“ клуб нема шанси да освои ниту еден трофеј до крајот на годината, а тоа го натера францускиот стратег да подготви речиси целосна реконструкција на составот, кој со години е речиси ист. Зизу споделил пред Перез дека оваа постава сега е исцрпена и мора да биде веднаш надградена.

Француската легенда обезбедил список од 25 играчи од кои ќе пристигнат најмалку пет во текот на летото. Реал веќе си ги обезбеди услугите на еден од најдобрите млади дефанзивци во светот, Едер Милитао од Порто.

„Марка“ дојде до списокот на Зидан, кој сака да привлече уште еден централен дефанзивец, еден бек, двајца халфови и напаѓач. Најмалку двајца од нив мора да бидат од светска класа.

Во одбрана ќе се избираат двајца од редот Матаис де Лихт (Ајакс), Озан Кабак (Штутгарт), Милан Шкриниар (Интер), Калиду Кулибали (Наполи), Маркос Алонсо (Челзи), Хозе Луис Гаја (Валенсија), Алекс Грималдо (Бенфика) и Давид Алаба (Баерн).

За средниот ред се следат Сергеј Милинковиќ-Савиќ (Лацио), Пол Погба (Манчестер Јунајтед), Тиаго Алкантара (Баерн), Миралем Пјаниќ(Јувентус). Поофанзивно настроен играч ќе се бара меѓу Кристијан Ериксен (Тотенхем), Еден Азар (Челзи), Николо Ѕаниоло (Рома), Каи Хаверц (Баер Леверкузен), Пабло Сарабија (Севиља), Сусо (Милан) и Хаким Зиех (Ајакс).

На врвот на нападот се чека голема ѕвезда – Нејмар (ПСЖ), Килијан Мбапе (ПСЖ), Хари Кејн (Тотенхем), Мауро Икарди (Интер), Пјер-Емерик Обамејанг (Арсенал) или Лука Јовиќ (Ајнтрахт)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП