19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд денес поскапи цени на бензините, пониски на дизелот

Од денес поскапи цени на бензините, пониски на дизелот

Бензинот Еуросупер БС 95 од ноќеска на полноќ поскапe за 1,5 денари, а Еуросупер БС-98 за денар, додека цената на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинствата се намали за половина денар.

Новата цена на Еуросупер БС-95 изнесува 66 денари за литар, а 67,5 денари на Еуросупер БС-98. Литар Еуродизел (Д-Е V) ќе се продава за 60,5 денари, а на екстра лесното масло за домаќинствата (ЕЛ-1) 49 денари.

За 0,149 денари се намали цената на мазутот М-1 HC и килограм од тој енергенс ќе чини 32,698 денари.

Зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек изнесува 0,09 проценти.

РКЕ ја утврди новата цена на горивата врз основа на просечната цена на суровата нафта и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите две недели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП