19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРафаел Надал против Роџер Федерер во второто полу-финале на мастерс турнирот во...

Рафаел Надал против Роџер Федерер во второто полу-финале на мастерс турнирот во Индијан Велс

Рафаел Надал ќе му се спротивстави на Роџер Федерер во второто полу-финале на мастерс турнирот во Индијан Велс. Шпанецот, во четврт-финалето, по голема борба, успеа да го победи Русинот Карен Хачанов.

Надал, во Индојан Велс, се бореше со одличниот противник и повредата на десното колено и на крајот победи во два тај-брејка 7:6, 7:6.

Хачанов во првиот сет успеа да му го одземе сервисот на Надал во вториот гем (2:0), а Шпанецот успеа бргу да се врати, кога израмни на 3:3. Во тај-брејкот, Надал го покажа искуството и квалитетот и со 7:2 го освои првиот сет.

Идентично сценарио имаше и во вториот сет, со таа разлика што Надал прв направи брејк во четвртиот гем, а Хачанов во наредниот возврати со ри-брејк. Тај-брејкот Надал повторно го доби со 7:2.

Шпанецот сега против Хачанов води со 6:0 во меѓусебните дуели.

Нареден притивник на Надал ќе му биде Федерер, но прашање е во каква состојба ќе биде беговото колено за тој меч. Инаку, ова че биде прва пресметка на Рафа и Роџер по пауза од 17 месеци. Надал во меѓусебните дуели води против Федерер 23-13.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП