28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛШ: Роналдо го однесе Јуве во четвртфинале, Сити си поигра со Шалке

ЛШ: Роналдо го однесе Јуве во четвртфинале, Сити си поигра со Шалке

Италијанскиот шампион Јувентус направи чудо и се пласираше во четвртфиналето во Лигата на шампиони, откако го победи со 3:0 Атлетико Мадрид во Торино. Така, со вкупен резултат од 3:2, „бјанконерите“ одат во следната фаза.

Херој за домаќините беше Кристијано Роналдо, кој постигна „хет-трик“ во мрежата на Шпанците. Многу силен дуел одиграа уште дебитантот во турнирот Леонардо Спинацола и Федерико Бернардески, кој се пријави со асистенција и го изработи пеналот, од кој Роналдо го постигна последниот погодок во големиот судир.

Така, за прв пат во својата историја, Јувентус продолжува понатаму откако го изгубил првиот натпревар со 0:2. Тимот од Торино ќе го дознае својот следен ривал во петокот, кога ќе се одржи ждребот.

Манчестер Сити пак го уништи Шалке 04, откако му постигна неверојатни 7 гола на својот „Етихад“. На овој начин, „граѓаните“ ги елиминираа „рударите“ од Лигата на шампионите по вкупен резултат од 10:2 по двата натпревари и на крај тимот се квалификуваше за четвртфиналето на турнирот.

Агуеро го отвори резултатот во 35 минута по пенал, а три минути подоцна повторно постигна гол за да го удвои водството на неговиот тим. Во 43-тата минута Сане исто така го запиша своето име меѓу стрелците и на полувремето се замина со 3:0.

Стирлинг го зголеми водството на „граѓаните“ во 56-тата, додека Бернардо направи 5:0 во 71-та минута. Фоден исто така се запиша во листата на стрелците во 78-та, а Жесус го оформи конечниот резултат на 5 минути до крајот на натпреварот.

Системот ВАР мораше да интервенира трипати – признатибеа два од головите на Сити, а еден гол беше поништен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП