28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСалах: Би ја жртвувал ЛШ за титулата во Премиер лигата

Салах: Би ја жртвувал ЛШ за титулата во Премиер лигата

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, изјавил дека би ја жртвувал Лигата на шампионите за титулата во Премиер лигата. „Црвените“ не биле шампиони од формирањето на Премиер лигата. Во Ливерпул оваа титула ја чекаат 29 години.

„Искрено, Лигата на шампиони е најпрестижното натпреварување. Сепак, сон на целиот град и на сите во клубот е да се освои Премиер лигата. Подготвен сум да го жртвувам мојот сон, иако би сакал да ги освоиме двете титули“, рекол Салах пред реваншот со Баерн во Лигата на шампионите.

Египќанецот е сигурен дека Ливерпул ќе се врати на челната позиција во Премиер лигата. Во моментов, на врвот Манчестер сити имаат поен повеќе од „црвените“.

„Лигата е тешка и ние и Сити имаме тежок распоред до крајот. Се што треба да направиме е да победиме на сите натпревари до крајот и да се надеваме дека тие ќе направат една грешка. Без оглед на притисокот главата ми е мирна, мојот менталитет е јак“, заклучил Салах.

Ливерпул, утре, ќе гостува во Минхен во осмина-финалниот реванш во Лигата на шампионите. Првиот натпревар во Ливерпул заврши 0:0.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП