19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнчелоти стана „крал“, а Блан „светец“

Анчелоти стана „крал“, а Блан „светец“

ancelotti-madrid

Италијанецот Карло Aнчелоти e нов тренер на шпанскиот гигант Реал Мадрид. Очекуваната вест беше соопштена на официјалниот сајт на Кралскиот клуб. 54-годишниот стратег потпишал тригодишен договор со тимот од Мадрид.

Карло Анчелоти на клупата на „кралевите“ ќе го замени Жозе Мурињо, кој веќе е назначен како тренер на Челзи.

Искусниот Анчелоти може да се пофали дека заработил речиси сè во фудбалот. Тој триумфираше два пати во Лигата на шампионите со Милан, ги освоил шампионати на Италија, Франција и Англија. Има два Суперкупови на Европа, една светска клупска титула, Купот на Англија, Куп на Италија, Комјунити Шилд и триумф во веќе непостоечкиот турнир Интертото.

Анчелоти ќе има тешка задача пред себе да го направи она што не успеаа да го сторат голем број имиња пред него, имено да дојде до десетата титула во Лигата на шампионите. Реал Мадрид последен пат триумфирше во Лигата на шампионите од 2002-та година. Од тогаш на чело на тимот се изредија имиња како Жозе Мурињо, Мануел Пелегрини, Хуанде Рамос, Бернд Шустер, Фабио Капело, Карлос Кеирош и Хозе Антонио Камачо.

Поранешниот тренер на Милан и ПСЖ ќе биде претставен на специјална прес-конференција утре од 13:00 часот.

Речиси во исто време, кога Реал Мадрид објави дека Карло Анчелоти ќе го преземе тимот во новата сезона, од ПСЖ открија кој ќе седне на местото на италијанецот на чело на ПСЖ. Како што претходно беше познато Лоран Блан е новиот тренер на ПСЖ, објави официјалниот сајт на клубот.

Поранешниот селектор на Франција потпиша договор за две години, од кои едната е условна, засега не е познато за каков услов станува збор, но се очекува наскоро да биде познато. Тој ќе го предводи тимот на прв тренингот кој е закажан за 1 јули. Синоќа Блан пристигна во француската престолнина и веднаш се упати кон канцелариите на ПСЖ, каде што беа прецизирани сите детали околу неговиот договор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП