Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 8,778.34 0.9%    FERS 77,100.00 0.13%    KMB 5,203.86 0.07%    MPT 62,171.24 0.99%    OKTA 4,660.00 -2.92%    SKP 54,000.00 -17.8%    STB 1,012.59 0.06%    STIL 106.00 0%    

Анализа: раст на минималецот – Владата притиска, бизнисмените негодуваат

Време: 14:32

Датум: февруари 27, 2019

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Владата најавува ново зголемување на минималната плата која сега изнесува 12 илјади денари. Бизнисмените велат дека нема да можат да го издржат притисокот, а експертите предупредуваат дека мора да се направат сериозни анализи пред да се преземе ваков чекор.

Домашни компании: за поголеми плати треба поголема продуктивност

Нема простор за раст на минималецот. Бизнисмените, особено оние од трудоинтензивните сектори, велат дека и сега се едвај на граница на рентабилноста. Сметаат дека за да растат платите мора да расте и продуктивноста.

„Идејата на Владата од канцеларија, административно да предлага покачување на минималната плата е несериозна. Кога станува збор за покачување на минималната плата и животниот стандард не значи дека само со минималната плата треба да се зголемува животниот стандард“ вели Миле Бошков, Конфедерација на работодавачи.

Поради слабата продуктивност поголемата плата ќе резултира со помала конкурентност, велат во Кластерот за текстил. Оттаму објаснуваат дека доколку им се наметне ново покачување на најниските примања ќе мора да ги замрзнат платите на другите вработените кои сега биле значително над минимум. Ова, според нив, дополнително ќе ги дестимулира добрите работници.

„Ова е наметнување, на некој начин ова е директива. Ние добиваме директива за извршување, тоа ќе резултира со уште еден чекор до поголема урамниловка. Ние пазарите ги губиме, ние немаме доволна продуктивност“ објаснува Маријана Перковска, Кластер за текстил.

Потребни се сериозни анализи пред да се преземе ваков чекор, сметаат и во најголемата бизнис асоцијација, Стопанската Комора. Оттаму велат дека на оваа тема треба да се разговара во рамки на економско – социјалниот совет и да се постигне согласност.

„Нашиот став е секогаш тоа да се остава на работодавачите. Не може нешто такво да се диктира затоа што работодавачите на крајот може да ја затворат фирмата. Се обидуваме да водиме дијалог, тоа е прашање кое се поставува. Сме на различни позиции но тоа никако не треба да се сфати дека не сакаме да ги видиме работниците во подобри позиции, но за тоа да се создаде треба да се подобри амбиентот. Растот на домашната економија да биде меѓу 5 и 7 проценти за да може да го осетат и фирмите и работниците и граѓаните“ вели Бранко Азески, претседател на Стопанската Комора.

Странски инвеститори: зголемувањето треба однапред да се најави

И странските инвеститори сметаат дека сега не е време за зголемување на најниската плата. Дури 40% од германските фирми кои работат овде сметаат дека тој годинава треба да остане замрзнат на 12 илјади денари. Дополнителни 40% сметаат дека има простор само за благ раст од 3 до 5%.

Анкетата на Делегацијата на Германското стопанство во земјава покажала дека лани продуктивноста се зголемила кај само 40% од компаниите.

„На прашањето колку месеци пред да се донесе одлука за зголемување на минималната плата Владата треба да ги информира стопанствениците? Дури 85% од анкетираните компании сметаат дека Владата треба да ги информира 12 месеци порано, а само 15 отсто сметаат дека 6 месеци се доволно“, се наведува во анкетата.

Експерти: речиси нема простор за раст на минималецот

И економските аналитичари сметаат дека просторот за зголемување на минималната плата е речиси целосно искористен. Натамошни чекори во оваа насока сериозно би се одразиле на работењето на компаниите а со тоа и на економскиот раст.

„Најголемиот простор за пораст на минималната плата е веќе искористен. Секако постои уште некој мал простор за пораст на минималната плата и според нашите анализи до крај на годината потенцијално би било максимум до 13.000 денари или поточно според нашите првични анализи 12.646 денари до крајот на годината“ вели Благица Петрески, Finance Think.

Од друга страна даночен експерт Павле Гацов смета дека мора да се направи баланс меѓу барањата на работниците и на газдите за на крајот никој да не биде оштетен а компаниите да можат да продолжат да инвестираат и да растат.

„Минималната плата е составен дел на трошковниот аспект на работењето на компаниите и влијае на нивниот профит. Во тој судир, од една страна интересот на вработените да имаат поголема плата а компаниите да го заштитат својот профит треба да се бара решението. Очигледно дека доаѓа време да се помести границата на минималната плата“ смета Гацов.

ММФ: економијата скапо ќе го плати поголемиот минималец

Дека нема многу простор за поголем минималец неодамна предупреди и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во посебна анализа за земјава. Во неа стои дека Македонија може да плати висока цена од понатамошно ад хок покачување на законски утврдената минимална плата, а тоа го поткрепува со посебна студија за влијанието на вакви мерки врз работната сила.

Новото зголемување на минималната плата во Македонија како законска обврска, може да влијае на зголемување на невработеноста кај младите, предупредува ММФ сугерира на внимателност и во услови на голем процент на сива економија во деловниот амбиент, па тврди дека на ваков начин неформалноста може и да се поттикне дополнително.

„Властите треба да се претпазливи со дополнително ад хок зголемување на минималната плата. И покрај неодамнешното поволно влијание врз минималната заработувачка, минималниот просек на платите во Македонија е на критичен праг, над кој понатамошните зголемувања може да бидат поврзани со негативни ефекти врз вработувањето на младите и неквалификуваните работници“, стои во анализата.

Според студијата на ММФ, во повеќе земји во Централна и Источна Европа, дополнително зголемување од 10% на минимална плата се одразува со намалување на вработеноста кај младите од два проценти.

„Тоа е скап исход за земја која се бори со 48% невработеност кај младите. Ова е во согласност со постоечката литература и е поддржано од друга студија на ЕК спроведена во 19 земји, која покажува намалување на стапката на вработеност кај младите од 1,5 до 2 проценти ако минималната плата се зголеми за 10 проценти. Исто така, постојат сугестивни докази дека распределените бенефиции се намалуваат кога односот ќе достигне високо ниво“, пишува ММФ.

Влада: нашата намера е континуиран раст на минималецот

И покрај предупредувањата од домашните компании, странските инвеститори и меѓународните институции Владата не отстапува од намерата. Премиерот Зоран Заев рече дека годинава ќе има ново покачување на минималецот но не прецизираше колку и кога.

„Намерата наша ја објавивме, сите да ја знаат, бидејќи ние сме лево ориентирана Влада, каде гледаме да има рамномерна распределба на продуктивноста и доходовноста меѓу капитал факторот и работниците, со тоа што државата е со намера преку континуирано зголемување на минималната плата, целта ни е да направиме вкупен ефект на подигање на платите во државата, преку отворање на спиралата на платите, ама со тоа да не им наштетиме на бизнисите, односно на нивната одржливост“ изјави премиерот Зоран Заев.

Од Министерството за финансии само кусо коментираат дека во моментот се прават анализи, а кога ќе има конкретна одлука јавноста ќе биде информирана.

Според анализите на Министерството за труд и социјала можно е минималната плата до крајот на 2019 да се зголеми за дополнителни 1.000 денари.

Седум години од минималецот

Минималната плата во Македонија за прв пат беше законски воведена пред речиси седум години. Од октомври 2011-та загарантираниот месечен личен доход беше утврден на 8.050 денари во нето износ односно 12.265 денари во бруто.

За текстилната и кожарската индустрија имаше дополнителен период на прилагодување.

Законски минималецот се коригира секоја година – во 2013 изнесуваше 8.050 денари, во 2014 година 8.800 денари, во 2015 9.590 денари, а во 2016 година 10.080 денари.

Владата последен пат ја зголеми минималната плата пред една и пол година и ја утврди на сума од 12.000 денари.

Минималната плата беше дел од изборната кампања

Минималната плата беше дел и од предизборната кампања. Социјалдемократскиот сојуз предвиде етапно зголемување на минималната палта во својата предизборна програма – 12.000 во 2017-та и 16.000 во 2020-та.

Ова би требало да важи за сите сектори, вклучително и производство на текстил, на облека и на кожа.

„Нема да има отпуштања од работа бидејќи државата ќе им помогне на стопанствениците. Нашата цел е да обезбедиме минимална плата од 16.000 денари до 2020 година. Тоа ќе значи дека семејство со двајца работници, ќе може безгрижно да ги покрие неопходните трошоци за живот“ стои во предизборната програма на СДСМ.

К. Н.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Две европски држави ќе профитираат од трговската војна

    Две европски држави ќе профитираат од трговската војна

    Франција и Германија се едни од ретките европски земји кои би можеле да профитираат од ескалацијата на трговската војна помеѓу САД и Кина, предупредуваат економистите…

  • 10 најстабилни и 10 најнестабилни држави во светот

    10 најстабилни и 10 најнестабилни држави во светот

    Во поглед на стабилноста, не се сите држави создадени подеднакво. Некои се богати, некои се сиромашни. Фондот за мир, невладина организација со седиште во САД,…

  • Лондон планира да постави 50.000 полначи за е-возила до 2025 година

    Лондон планира да постави 50.000 полначи за е-возила до 2025 година

    Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, го претстави ажурираниот план за реализација на инфраструктурата за електрични возила, кој има за цел до 2025 година да инсталира…

  • Гимназија или стручно – кое образование нуди подобра плата и посигурна работа?

    Гимназија или стручно – кое образование нуди подобра плата и посигурна работа?

    Заврши првиот уписен рок во средните училишта – полуматурантите и оваа година во најголем дел се одлучија за гимназија а во многу помал дел за…

  • Стартува повратот на ДДВ за граѓаните

    Стартува повратот на ДДВ за граѓаните

    Од 1 јули годинава граѓаните ќе бидат „инспектори“ кои ќе и помагаат на Управата за јавни приходи (УЈП) во борбата против даночната евазија преку мотивацијата…

  • ИНФОГРАФИК: Погледнете како изгледа светскиот тек на парите

    ИНФОГРАФИК: Погледнете како изгледа светскиот тек на парите

    Секоја година работниците мигранти кои живеат во други земји испраќаат пари во нивните матични земји. Протокот на пари кој е заработен во една земја и…

  • Две милијарди евра ќе бидат потребни за развој на патната инфратруктура до 2030

    Две милијарди евра ќе бидат потребни за развој на патната инфратруктура до 2030

    Патиштата се крајно важни за интеграцијата на Северна Македонија на регионалниот и европскиот пазар. Не станува збор само за цена, туку и за квалитет. Сите…

  • Во што сè повеќе вложуваат богатите американски семејства

    Во што сè повеќе вложуваат богатите американски семејства

    Шумите и зелените површини стануваат се попривлечна инвестиција за богатите американски семејства. Тој тренд зема толкав замав што Bank of America, мултинационална инвестициска банка, основала…

  • Би-би-си првпат сними кинески камп за трансформација на мисли(видео)

    Би-би-си првпат сними кинески камп за трансформација на мисли(видео)

    Би-би-си неодамна ја сними својата прва репортажа од внатрешноста на големиот комплекс на кампови со висока безбедност, во кои, наводно, живеат повеќе од еден милион…

  • ИКТ Комора: Дигитализацијата веќе не е опција, туку потреба за компаниите

    ИКТ Комора: Дигитализацијата веќе не е опција, туку потреба за компаниите

    Дигитализацијата е неопходна за брз економски раст и напредок на секоја компанија, просецот подразбира употреба на дигитална технологија за промена на бизнис моделите. Дигиталната трансформација…