19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСе „тресат“ клубовите во Италија

Се „тресат“ клубовите во Италија

policija

Нови земјотреси го тресат Апенинскиот полуостров! Голем број клубови од Сериjа А и Б се наоѓаат под истрага на полицијата и министерството за финансии, чии агенти денеска во координирана акција ги „посетиле“ канцелариите на 41 клуб (18 од Серија А, 11 од Серија Б и 11 од понизок ранг).

Италијанските медиуми веднаш ја пренесоа веста дека во тек е акција за собирање на документацијата кој се однесува на договорите меѓу клубовите, играчите и агентите.

Документација е земена од канцеларијата на Јувентус, Наполи, Лацио и Милан, а во документите ќе се бараат евентуални направилности во професионалниот однос меѓу фудбалските клубови и играчите, кои директно или индиректно се поврзани со активностите на спортските агенти Алехандро Мацоне и Алесандро Моџи.

Според јавниот обвинител од Наполи кој ја води истрагата, потенцијалните обвинети се теретат за злосторничко здружување, даночни малверзации, перење пари и фалсификување на фактури. Наскоро се очекуваат подетални информации од Италија по повод овој случај кој би можел да биде нов удар за италијанскиот фудбал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП