19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакпетрол прворангиран на Државното карате првенство за сениори-ки 2019 година

Макпетрол прворангиран на Државното карате првенство за сениори-ки 2019 година

Викендов во Скопје се одржа Државното карате првенство за сениори, во поединечна и во екипна конкуренција во дисциплините борби (кумите) и кати. Дополнително, вчера се одржа одма и Бергер турнирот, односно првите четворица од секоја тежинска категорија се натпреваруваа меѓу себе за влез во репрезентацијата на Северна Македонија, која на крајот на месец Март ќе не претставува на Европското првенство во Гвадалахара, Шпанија. 

На Државното карате првенство за сениори учествуваа 25 клубови со 82 спортисти.

Во генералниот пласман на првиот ден од Државното првенство, прворангиран беше карате клубот Макпетрол – Скопје. “Нафташите“ успеаја да освојат вкупно 11 медали, од кои 5 златни, 3 сребрени и 3 бронзени.

Златни медали освоија:

  1. Давид Петков – 67 кг
  2. Петар Спасеновски – 84 кг
  3. Наташа Стефановска – 61 кг
  4. Анѓела Мојсовска – 68 кг
  5. Женскиот тим во борби – екипен состав: Симона Заборска, Сара Радичевска, Наташа Стефановска, Анѓела Мојсовска и Моника Стефановска

Сребрени медали освоија:

  1. Петар Заборски – 75 кг
  2. Сара Радичевска – 50 кг
  3.  Симона Заборска – 55 кг

Бронзени медали освоија:

  1. Моника Пендаровска – 55 кг
  2.  Моника Стефановска -68 кг
  3.  Тимот на Макпетрол – екипни борби (мажи)

Многу сме задоволни од податокот дека и оваа година во генерален пласман сме најдобри во државата, во највозрасната сениорска конкуренција. Со голема претходна припрема и оваа година успеавме да имаме апсолутна доминација во екипна и во поединечна конкуренција во дисциплината борби за жени и тука не дозволивме да има никакво изненадување.

На европското првенство во Гвадалахара ќе имаме 4, репрезентативки во своите тежински категории. Сара Радичевска, Симона Заборска, Наташа Стефановска и Моника Стефановска. Сите тие кога се одржуваше Бергер турнирот, покажаа дека повеќе сакаат да влезат во националниот тим од своите конкурентки. Сите заедно покажаа најзрели борби и не дозволија да има некое колебање кога е во прашање изборот за најдобриот наш претставник.

Кај мажите не успеавме да го направиме последниот исчекор, така да Петар Спасеновски иако стана Државен првак, тој во натпреварот со Берат Јакупи во категоријата 84 кг загуби со минимален резултат, 1-1, предност на Јакупи и така го загуби пласманот. Исто и Давид Петков, во категоријата 67 кг, не успеа да ја задржи предноста која ја стекна, со што, Фахик Весели ќе биде претставник во оваа категорија.

Плеј-офот за состав на карате репрезентацијата за Европското првенство во Гвадалахара, Шпанија, кое ќе се одржува од 28 до 31 март, донесе неколку пресврти од Државното првенство во карате за сениори кое се одржа вчера во Скопје. Во директните пресметки Берат Јакупи и Фаик Весели направија “брејк“ победи против Петар Спасеновски и Глигор Петков во категориите до 84 и 67 кг. Додека кај жените тоа го направија Сара Радичевска против Драгана Манговска, Симона Заборска против Јована Георгиев и Моника Стефановска која ја победи Анѓела Мојсовска.

Од првиот ден на првенството, предноста ја задржаа: Емил Павлов (-60 кг), Азиз Исмаил (-75 кг) и Жарко Арсовски (+84 кг) кои не дозволија изненадувања и обезбедија место во репрезентацијата за ЕП во Шпанија со по три победи, како што тоа им тргна од рака на Јакупи и Весели.

И во женска конкуренција имаше пресврти во однос на Државното првенство, па така Сара Радичевска беше подобра од Драгана Манговска (-50 кг), Симона Заборска во директниот дуел славеше против Јована Георгиева (-55 кг), а Моника Стефановска (-68 кг) се надмина во однос на вчерашните борби и ги победи првата Ангела Мојсовска и втората Јована Манева“. – изјави Бошко Заборски, тренер на Макпетрол.

Состав на репрезентацијата на Северна Македонија за Европското првенство во Шпанија:

Ката жени

Пуликсенија Јованоска (Фунакоши Гичин)

Кати мажи

Ферри Исиќ (Вардар)

-50 кг

Сара Радичевска (Макпетрол)

-55 кг

Симона Заборска (Макпетрол)

-61 кг

Наташа Стефановска (Макпетрол)

-68 кг

Моника Стефановска (Макпетрол)

-60 кг

Емил Павлов (Штип)

-67 кг

Фаик Весели (Олимпик спорт)

-75 кг

Азиз Исмаил (Металург)

-84 кг

Берат Јакупи (Ас и арт)

+84 кг

Жарко Арсовски (Штип)

За екипните тимови во машка и женска конкуренција, тренерот на државната репрезентација дополнително ќе ги соопшти составите и имињата на каратистите кои ќе настапат во екипна конкуренција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП