19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПорблеми за Клоп, Ковач со една дилема

Порблеми за Клоп, Ковач со една дилема

Ливерпул и Баерн Минхен вечерва ќе го одиграат првиот осмина-финален натпревар во Лигата на шампионите.

На „Енфилд“ се очекува тактичка борба помеѓу Јирген Клоп и Нико Ковач, а англиската јавност ги потенцира проблемите со кои се соочуваат „црвените“ во дефанзивната линија.

Од централните дефанзивци Клоп го има само Жоел Матип, Дејан Ловрен и Џо Гомез се повредени, а Вирџил ван Дајк е суспендиран.

Веројатно покрај Матип во одбраната ќе игра Фабињо.

Во составот на Баерн мечот од клупата ќе го започне Хамес Родригез, иако се очекуваше Колумбиецот да биде во почетниот тим. Добрата форма во која се наоѓа Кингсли Коман го враќа Родригез меѓу резервите.

Можни состави:

Ливерпул: Алисон – Александер-Арнолд, Матип, Фабињо, Робертсон – Хендерсон, Милнер, Вајналдум – Мане, Салах, Фирмино

Баерн: Ноер – Кимих, Хумелс, Суле, Алаба – Хави Мартинез, Тијаго Алкантара, Горетцка – Коман, Гнабри, Левандовски.

Вечерва со почеток во 21 часот се игра и вториот дуел од ова натпреварување, а во кој екипата на Лион ќе го пречека тимот на Барселона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП